Головите за Барса ги дадоа Ламин Јамал во 39-та минута и Роналд Араухо во 56-та минута. Домаќинот кој неодамна направи сензација откако со 3-2 го урна Реал Мадрид, синоќа намали на 1-2 во финишот преку Хави Морено но не ја продолжи својата бајка.
Барселона имаше поголем посед во текот на целиот дуел но не играше лесно против борбениот ривал. Дури и во 90+2' минута стоперот на Барса Херард Мартин спаси можеби чист гол и израмнување:
Другите четвртфинални парови ги сочинуваат Алавес - Реал Сосиедад (вечерва од 21:00), Валенсија - Атлетик Билбао (вечерва од 21:00) и Бетис - Атлетико Мадрид (утре вечер од 21:00).
*******************************************************
Прочитај уште и:
Врската меѓу Иниеста и Албасете
Какви спомени: Барселона игра против Албасете 20 години по првиот гол на Меси
Неверојатното испраќање од навивачите на Албасете
Во понеделникот требал да потпише во Тајланд, во средата стана џелат на Реал
Реал шести пат во ХХI век испаѓа од Кралски Куп од нисколигаш