Неверојатното испраќање од навивачите на Албасете

Албасете синоќа ја забележа можеби најголемата победа во својата повеќе од 100-годишна историја. Второлигашот кој игра очајна сезона во Сегунда и се бори за опстанок, синоќа го совлада големиот Реал Мадрид 3-2 и го елиминираше од Купот на Кралот. Албасете игра на стадионот „Карлос Белмонте“ кој има капацитет од 17.500 гледачи, но има навивачи какви што би посакал секој клуб на светот.

Ги испратиле фудбалерите на мегдан со Реал со неверојатна поддршка. Како после ова да не остават сè што имаат на терен:

Реал шести пат во ХХI век испаѓа од Кралски Куп од нисколигаш

15 јануари 2026 - 15:24