Реал Мадрид првпат после долго време испаѓа од шпанскиот Кралски Куп од противник од пониски лиги иако тоа му се случило дури шест пати во овој век.
Албасете е на 17-то место во шпанска втора лига Сегунда и таму е екипа со најмногу примени голови. Но синоќа им одржаа лекција на скапо платените ѕвезди на Реал Мадрид.

„Кралевите“ од почетокот на овој век од Купот на Кралот испаѓале од нисколигаши во:
- Сезона 2000/2001, во 1/64 финале од третолигашот Толедо
- Сезона 2008/2009, во 1/32 финале од третолигашот Реал Унион
- Сезона 2009/2010, во 1/32 финале од третолигашот Алкоркон
- Сезона 2020/2021, во 1/32 финале од третолигашот Аљокано
Притоа Реал Мадрид испадна и од третолигашот Кадиз уште по првиот натпревар на 1/32 финалето на Купот во сезона 2015/2016, тогаш службено затоа што за Реал играше Русинот Денис Черишев кој не ја одработил суспензијата од 1 натпревар уште како играч на Виљареал претходно.