Барселона вечерва му гостува на Албасете, ривал кој на ум носи две имиња кои оставија неверојатни траги во Барса, две можеби најголеми легенди во историјата на клубот: Лео Меси и Андрес Иниеста.
И едниот и другиот се на интересен начин поврзани со Албасете и носат убави сеќавања поврзани со овој клуб.

Андрес Иниеста е роден во Фуенталбиља, место во истиот регион Ла Манча чиј еден од поголемите градови е Албасете. На само 12 години тој пристигнал во тренинг центарот на Барселона од школата на клубот Албасете. Ова бил старт на една неверојатна кариера во клубот каде Иниеста стана великан.

Андрес во првиот тим на Барселона одигра 16 сезони, од 2002 до 2018. Години во кои тој беше лидер и се прослави како еден од најголемите фудбалери од среден ред на сите времиња. Освои неверојатни 32 пехари со Барса!
Иниеста крена дури четири трофеи во Лига на шампионите што е ден-денес редок пример во фудбалскиот свет, а тој имаше најголема улога во освојувањето на сите четири титули.

Во Албасете, пред стадионот пред неколку години беше откриена голема статуа во чест на големиот Андрес Иниеста.

Од Париз 2006-та кога влезе од клупа за резерви и го смени целиот тек на игра против Арсенал кога Барса славеше 1-0, преку вториот трофеј во ЛШ во 2009, сезона во која го постигна оној невозможен гол против Челси на „Стемфорд Бриџ“ во полуфинале. Со Чави Ернандез и Серхио Бускетц претставуваа најдобро трио на еден сред некогаш виден во Шпанија.
ЛИОНЕЛ МЕСИ И АЛБАСЕТЕ
Овој симпатичен шпански клуб кој сега е при дното на втората шпанска лига Сегунда има убав дел во кариерата на Меси. Во четвртфинале на Копа дел Реј на 1-ви мај 2005-та година малиот Лионел Меси на 17 години и 10 месеци стана вториот најмлад стрелец во историјата на Барселона. Подоцна овој рекорд го надминаа децата на Барса Гави и Ламин Јамал.
Со број 30 на дресот, Меси прими прекрасна топка од неговиот идол Роналдињо и откако го примети истрчаниот голман, постигна врвен гол со лоб.
Ова беше прв дебитантски гол за Барселона на човекот кој го смени фудбалот и е најголема икона во историјата на клубот и фудбалот воопшто. Меси освои 35 пехари со Барса а стана и најдобар стрелец во историјата на Каталонците. Тој постави и многу други рекорди, тешко достижни.
Вечерва од 21:00 Барселона му гостува на Албасете во 1/4 финале на шпанскиот Кралски Куп.