Во понеделникот требал да потпише во Тајланд, во средата стана џелат на Реал

Хефте Бетанкор, 32-годишниот фудбалер на шпански Албасете ја има можеби најневеројатната приказна на сезоната. Тој добивал награда за најдобар стрелец во грчка, австриска и романска лига но речиси никој не го знаел до средата вечер кога направи чудо и со два гола го исфрли големиот Реал Мадрид од Купот на Шпанија.

Неговиот фудбалски пат е за филм. Тој е прав фудбалски авантурист, има сменето преку 20 клубови претежно во Шпанија и во странство, за на крај на 32 години стави јагода на една необична фудбалска кариера.

Со два гола од кои едниот прекрасен од волеј за 2-1, другиот за 3:2 во 90+5' минута, Хефте Бетанкор го фрли „кралскиот клуб“ на колена и се најде на насловните страни на сите големи светски медиуми.

А за приказната да биде уште поневеројатна, тој во понеделникот имал авионски карти за Тајланд каде требал да потпише богат договор со тамошниот клуб Бурирам.

Тајланѓаните му понудиле сума која не можел да ја одбие затоа што ќе обезбедел многу генерации после него со неа. Кога сите менаџери и клубот се сложиле, а Хефте Бетанкор требал да отпатува на 12-ти јануари да потпише договор, тој решил нешто друго:

„Останувам. Ќе играм против Реал Мадрид и продолжувам со Албасете“, им рекол тој и ги разочарал сите кои се надевале на богат трансфер, освен навивачите кои сакале да остане.

Сезонава Бетанкор одиграл нешто повеќе од 1.000 минути за второлигашот и има 8 гола и 1 асистенција што е сосема добар учинок. 

„Ова е најдобро нешто што некогаш се случило во фудбалот“, рекол јунакот на историската победа 3:2 над Реал Мадрид. Ја прославил со син му Тео и добил стотици честитки од сите краеви на светот.

Овој жител на Канарските острови е прав фудбалски глобтротер и има пријатели секаде ширум светот.

Макотрпно се пробивал низ долните лиги, играл во четврта, трета лига и во втора. Никогаш не се пробал и не добил шанса во најдобрата шпанска Ла Лига па решил утеха да бара во странство.

Играл во татковината за Еркулес, Отинњент, Тенерифе Б, Елденсе, Вијера, Бадахоз, Лас Палмас Б (клуб на неговиот живот, матичен клуб), Арандина, Сан Фернандо.... додека не одличил: „Штом вратите тука мис е затворени и не можам да направам нешто повеќе, ќе одам во странство и ќе видам што ќе се случи“. И така направил.

Австрија била негова прва станица. Потпишал со клубот Штадл Паура во тамошната втора лига. После играл и за Матерсбург, Форвертс Штајер и Спортферајнинг Рид во чиј дрес станал најдобар стрелец во австриската лига.

После четири сезони во австрискиот фудбал, вратата му ја отворил романскиот фудбал. Играл за Волунтари (стрелец на 10 гола), Фарул Констанца (клуб на легендарниот Георге Хаџи каде Бетанкор постигнал 16 гола) и ЧФР Клуж.

Од таму „фудбалскиот автобус“ го носи на Кипар каде имал проблем затоа што задоцниле со потпис на договорот и тоа значело дека нема да биде регистриран за полусезоната, документите не стигнале на време.

Краткиот престој во кипарскиот фудбал му била права подготовка за грчката лига каде блескал во животна форма во дресот на Пансераикос. Постигнал 25 гола во првата грчка Супер лига после што Олимпијакос и тренерот Мендилибар решиле да го доведат во нивните редови.

Потоа се вратил во Пансераикос на позајмица и тој клуб пак му послужил како отскочна даска. Овојпат тоа довело до негово враќање во шпанскиот фудбал осум години подоцна откако заминал.

И во средата вечер беше автор на најнеобичната фудбалска бајка на сезоната, победа 3:2 над големиот Реал Мадрид во Купот.

Реал шести пат во ХХI век испаѓа од Кралски Куп од нисколигаш

Неверојатното испраќање од навивачите на Албасете

Деби за заборав на Арбелоа, Реал елиминиран од второлигаш

15 јануари 2026 - 15:50