По одобрување на властите и УЕФА, реваншот на „Енфилд Роуд“ се играше со гледачи. Без ракување, според препораките:
— football out of context (@nocontextfootie) March 11, 2020
Права драма се одигра на култниот стадион во Ливерпул.
Атлетико почна добро, имаше и пар пристојни шанси да се доближи до четвртфиналето, но Ливерпул беше тој кој го отвори резултатот. Како лани против Барселона, на идентичен начин, Џиџи Вајналдум со глава постигна убав гол и ја надомести негативата на „црвените“.
Со тој резултат се замина на полувреме, а понатаму Јан Облак правеше неверојатни чуда на голот и со дури 8 одбрани го сочува Атлетико од елиминација по регуларните 90 минути.
Во продолженијата Боби Фирмино донесе лудачка еуфорија на Енфилд со гол за 2:0 во 94' минута по центаршут на Вајналдум, но само 2 минути подоцна Маркос Љоренте го олади цел стадион по кардинална грешка на Адријан и намали на 2:1, резултат со кој „јорганџиите“ беа во 1/4 финале.
Љоренте во 55' минута влезе во игра наместо индиспонираниот Диего Коста кој не се поздрави со Симеоне.
Ливерпул не успеа да се соземе од шокот, а тоа го искористи Маркос Љоренте со уште еден гол во 105' минута со кој Атлетико веќе длабоко зачекори во следната рунда.
Алваро Мората, некогашниот играч на Реал, Челси и Јувентус, со гол буквално во последните секунди, во 120+1' минута го нокаутираше Ливерпул за конечни 2:3 и пласман во четвртфиналето!
Лига на шампиони 1/8 финале, резултати:
ЛИВЕРПУЛ - АТЛЕТИКО МАДРИД 2-3 (1:0 полувреме), вкупен резултат 2-4
/Вајналдум 43', Фирмино 94' - М. Љоренте 97', 105+1'/
ПСЖ - БОРУСИЈА ДОРТМУНД 2-0 (2-0), вкупен резултат 3-2
/Нејмар 28', Бернат 45+1'/