- Историјата на овој осминафинален дуел се повторува. Фудбалерите на Арсен Венгер и минатата година имаа негатива од два гола, но тогаш загубија со 1:3 пред своја публика. Триумфот на реванш дуелот на „Алијанц арена“ од 0:2 не им беше доволен за пласман во следната фаза поради тоа што Баварците имаа постигнато еден гол повеќе на гости.
- Германците беа поуспешни и на претходното соочување во топ 16 фазата кога во 2004/2005 ги елиминираа Топџиите со вкупни 3:2.
- Баварците имаа шест победи во низа во осминафиналето. Последен пат беа елиминирани од Интер во 2011 година кога по гостинската победа од 1:0, загубија на домашен терен со 3.2.
- За лондонскиот тим оваа нокаут фаза е малерозна веќе подолго време. Тие се соочуваат со дури 14 елиминации по ред, три но низа во последните три години.
- Серијата на европскиот првак од десет победи во Лигата на шампионите го мина рекордот на Барселона од сезоната 2002/2003 која беше непобедлива на девет натпревари.
- „Топџиите“ на последните пет гостувања во Германија имаат позитивен скор од три победи и две нерешени средби. Последниот триумф им е против Борусија од 1:0 во групната фаза.
Типстерите на овој дуел типуваат најмногу на 3+.
- Шпанците имаат одлична можност да обезбедат пласман во четвртфиналната фаза до која последен пат стигнаа пред 17 години кога Диего Симеоне настапуваше за клубот.
- Тие се во фантастична серија од 15 победи на последните 16 меча на меѓународните натпреварувања. Единствениот пораз им е од Рубин Казан во 16 финалето од Лигата на Европа пред една година.
- Фудбалерите на Милан имаат лоша гостинска серија од четири порази и тоа сите им се во Шпанија. Три пати загубија од Барселона и еднаш од Малага.
- Негативна серија против шпанските противници имаат и на последните четири средби во нокаут фазата вклучувајќи ги поразите од Барселона во полуфиналето 2005/2006 и Депортиво Ла Коруња во 2003/2004.
- Атлетико Мадрид триумфирал на сите 19 реванш мечеви на европските натпреварувања, откако претходно победувал на првиот натпревар.
- „Росоњерите“ немаат победа на последните шест гостувања. Последната им е против Реал Мадрид од 3:2 во 2009/2010 кога Пато го постигна решавачкиот гол во 88 минута.