Годинава на теренот не му одеше добро, но Адебајор полека почна да ги открива причините за тоа. Откако се исповеда отворено пред јавноста за сите проблеми, Тогоанецот доби одговор од сестра му. Целата сага продолжи денес.
„Се одлучив да го пишам третиот дел од моето обраќање, затоа што брат ми Кола Адебајор и моите најблиски продолжија да откриваат семејни проблеми по социјалните мрежи и писма до мојот клуб. Можев да напишам автобиографија и да ја продадам, но одлучив да ги споделам проблемите овде со вас.
„Пред 25 години, мојот постар брат Кола замина за Германија и беше надеж за нашето семејство. Сите мислевме дека тој ќе го смени начинот на кој живеевме. Долги години откако тој го напушти Того, уште немавме струја и телефони. Кога ќе сакаше да зборуваме, ќе ни се јавеше во Атлантик Хотелот кој беше близу нас. Трчавме на хотелската рецепција за да зборуваме со него.
„Кога прв пат добив можност да играм фудбал во Франција, ни требаше пари за патните трошоци. Брат ми го немаше никаде. Само Бог знае што правеше тогаш во Германија. Кога дојдов во Франција, ги средив сите документи со екипата и ми дозволија да останам во академијата. Неколку месеци подоцна, брат ми сакаше да ме посети. Немав пари и уште живеев во академијата. Сепак, позајмив некоја пара за да му платам хотелско сместување. Во тоа време, мојот соиграч Сега Ндиаје од Камерун ми позајми пари за да му дадам пари на брат ми да се врати назад во Германија. Не заборавајте дека тој ми е постар брат“, продолжува Адебајор.
„Некоја година подоцна, работите тргнаа кон подобро. Фала му на Бога потпишав со Мец. Оттогаш, брат ми се јавуваше цело време да ми каже дека треба да му ги платам сметките. Понекогаш велеше дека син му е болен, а јас бев навикнат на тоа. Повторно ме погледна среќата и добив понуда од Монако. Еден ден Кола и најстариот брат Питер Адебајор дојдоа да ме посетат во Монако. Велат крвта не е вода, така што ги примив кај мене. Дојдоа рано сабајле а јас одев на тренинг. Кога се вратив дома ми кажаа дека сакале да почнат бизнис со продажба на автомобили. Очигледно им требаше многу пари, а јас им кажав дека ќе им помогнам следниот месец кога ќе земам плата“.
„Во тоа време, кај мене престојуваше Тиери Мангва (фудбалер), затоа што имаше некој приватни проблеми. Еден ден кога се вратив дома од тренинг, Тиери плачеше и никогаш подоцна не ми кажа зошто плачел. Не ми кажаа ниту моите браќа. Друг ден, еден од моите другари, Паџое дојде да ме посети и ми побара на заем 500 евра. Му дадов, а брат ми Кола збесна кога го видео тоа. Се обиде да ме сфати зошто му давам на другаров а не му давам него. Причината беше проста: Другарот бараше многу помалку од брат ми. Јас немав толку пари во куќата“
„Друг ден, после тренинг бев многу изморен и легнав да одморам. Се разбудив и здогледав нож под грлото. Двајцата браќа беа над мене и викаа дека залудно им го трошам времето. Ги прашав: Дали е ова единствен начин да го решат проблемот? Ако е, убиј ме и земи ги парите. Тогаш Кола го спушти ножот, а Питер полуде“...
Целосното обраќање на Адебајор може да ги прочитате тука.