- Изградбата на градската продавница што ја најави њујоршкиот градоначалник Зохран Мамдани во Харлем ќе чини четири пати поскапо од било кој друг супермаркет во градот.
- Градските власти ќе издвојат 30 милиони долари за продавница од 836 квадратни метри, што значи дека изградбата ќе чини речиси 36.000 долари по квадрат.
- За да се врати инвестицијата во рок од шест години, супермаркетот ќе треба да има дневен промет од 137.000 долари и профит од 13.000 долари.
- Мамдани најави дека ќе ја прошири иницијативата со изградба на пет градски продавници низ Њујорк – по една во секоја општина, за сума од 70 милиони долари.
- „Веројатно би можел да отворам 10 продавници со 70 милиони долари“, оцени магнатот на супермаркети Џон Кациматидис.
- Државата и општините со години ги убедуваа граѓаните да ги заменат старите печки со печки на пелети за да го намалиме загадувањето. За тоа се трошеа јавни пари.
- Денес, пред почетокот на грејната сезона, вреќа од 15 килограми стигнува до 399 денари, цените често не се ни јавно објавени, а граѓаните масовно ги продаваат печките во кои некогаш беа поттикнати да инвестираат.
- Каде пропадна добрата идеја? Државата ја субвенционираше печката. Горивото го заборави. Не е доволно да му помогнеш на граѓанинот да ја купи печката, а потоа да му кажеш дека горивото е работа на пазарот.
- Предлогот на американскиот претседател Доналд Трамп за преименување на вештачката интелигенција (AI) во супер интелигенција (SI) повлече рекордно зголемување на регистрациите на словенечки интернет домени (.si).
- Националниот регистар на Словенија објави дека во септември имало огромна побарувачка за .si домени: биле регистрирани 44.000 .si адреси, а само месец претходно имало помалку од 2.000.
- Тоа е зголемување од речиси 2.200 проценти.
- Праксата за шпекулативно купување домени се вика "cyber-squatting" и целта е тој подоцна да се продаде по висока цена. Рик Шворц во 1997 го купи men.com за 15.000 долари. Седум години подоцна го продаде за 1,32 милиони долари.
- Толку е веста. Легни.си.