Емануел Адебајор го обвини семејството за лаги, кражба на мобилни телефони, а за мајка му изјави дека му фрлала џуџу магии.
Фудбалерот од Того ја нападна и сестра му за која изјави дека и купил скапа вила од 1,2 милиони фунти, а таа ја изнајмила без да му каже.
Лучиа му врати на Адебајор на Фејсбук и напиша дека тој само ширел лаги.
„Можеби Господ ќе ти прости...ти ја избрка твојата внука од дома, пакувајќи ја на полноќ. Потребен ти е Господ...Само Господ може да ти ја спаси душата“, стои во дел од коментарот на се сестра му.
Англиските медиуми пишуваа дека Адебајор ја избркал мајка му од дома, а неговата сестра изјави дека не одговарал на нивните повици.
Потоа се појави и приказната за брат му Кола, возач на камион кој живее во Германија, и кој тврдеше дека на познатиот фудбалер исламски духовни лидери му го переле мозокот.