Акцијата која го урна Реал е вежбана 40 пати

Севиља го победи Реал Мадрид со гол уште во втората минута, а корнер ситуацијата по која беше постигнат голот воопшто не била случајна, туку вежбана два дена.

Реал Мадрид беше на колена уште по само 69 секунди игра во Севиља. Иван Ракитиќ го изведе корнерот, а Пјотр Троховски натрча на топката и ја заби во мрежата на Касиљас.

Токму таква ситуација фудбалерите на Севиља вежбале два дена и таков корнер извеле 40 пати на тренинзите. Тренерот на Севиља, Мичел забележал дека во последно време Реал Мадрид прима голови по прекини и решил да ја искористи оваа нивна слаба точка.

Неколку фудбалери на Севиља биле задолжени да ги извлечат играчите на Реал Мадрид на првата статива,

а топката патува кон втората статива каде Троховски има отворен простор.

фото: igralipandev.com

17 септември 2012 - 10:06