Off Topic

Феѓа Штукан: Паметните веќе немаат луксуз да молчат

Дојдовме до апсурд паметните да мора да се повлекуваат и да бираат зборови за да не навредат нечија плиткоумност и суета. Дозволивме алгоритмите да станат судии, а толпата што во животот не прочитала три книги да држи предавања за медицина, историја, космос и морал. Дигитални дивјаци, вооружени со тастатури и комплетно отсуство на срам. 

Продолжение на „Баталете мајки, шајки“

Иако мојата преставка се однесуваше на дел од плажите во Струга, Инспекторатот направил вонреден инпекциски надзор на целото струшко крајбрежје, проверил 36 локации и ниту една од нив немала Одобрение за урбана опрема. Станува збор за 36 локации без дозвола. Не е можно советот на општината да ја нема оваа информација.  

Трамп се прогласи за најголем

Трамп нормализираше многу глупоштини што во некои други времиња ќе нè шокираа. Замислете, на пример, Гордана Силјановска да објави топ листа на досегашни македонски претседатели на која себе ќе се стави како најдобра од сите. Баш тоа го направи Трамп, среде нерешен Ормуски теснец и рекордни цени на гориво. Ако после Трамп не го изберат Мики Маус, нема како „нормално“ да се продолжи оваа линија на лудило.

Не баш силно светнал БДП

„Луѓе, какви 35 години!“, ќе каже Џамбазов на почетокот на спотот по повод 35 години од независноста на Македонија, како најава за караванот „Силно светнал ден“. Убаво му доаѓа на човек да се потсети на промоцијата на македонските пари, голот на Шаќири, кошаркарите во Литванија, Тоше... сето тоа со „Насмеј се и главата горе“, на Ана и Игор Дурловски. Само што, тие 35 години не беа скроз за смеење. А главата (главно) беше горе зашто ако беше поднаведната, ќе си го видевме џебот.   

На Трамп со трамповска цевка

„Да коментирам диктатор кој е крал на банкротирањето?“, потпраша гувернерот на Онтарио Даг Форд кого Трамп претходно во свој стил го испонавреди и го нарече лакеј и подлизурко. „Трамп е силеџија, од оние што ги познаваме од школо, што ќе ти ја изедат ужинката и ќе ти ги украдат парите, тоа е последниот чиовек од кој би примал совети“ со иста мерка возврати Канаѓанецот. 

Ако може вака, Скопје е веќе спремно

Пловдив беше Европска престолнина на културата во 2019 година, заедно со италијанска Матера. Имаа амбициозна програма „Заедно“ со над 320 проекти, околу 600 настани: изложби, театар, фестивали, концерти, улични уметности, проекти за интеграција (особено за ромската заедница во квартот Столипиново). Но, откако рефлекторите ќе се угасат а културата ќе си ги собере парталите, ќе останат само парталите. И Столипиново.

Ждерење од информативната шведска маса

Некогаш, вестите беа настан. Денес, вестите се состојба на свест. Како фрижидер што зуи во позадина. На почетокот не го забележуваш, а потоа те излудува. Вестите немаат време да станат искуство, да се смират, да се преведат во мисла а потоа во став. Така е создаден модерниот  информиран труп. Ги знае сите наслови, но не разбира ниту една приказна. Информиран е уште од првата реченица. Нема трпение да продолжи, бидејќи веќе знае сè.

Приказната за WinRAR и пробниот период кој никогаш не истече

Евгениј Рошал е руски програмер роден во 1972 година, познат по создавањето на форматот RAR во 1993 и WinRAR во 1995. Неговото дело стана легендарно поради „trial“ периодот од 40 дена кој никогаш не истече за милиони корисници. Тоа е приказна за генијалност, доверба и дека не секогаш работите најдобро одат со сила.

Кралот и кловнот

Посетата на британскиот монарх на САД предивикува голем интерес, и поради историските врски меѓу некогашната и сегашната империја и поради безбедносните стравувања пошто малку- малку, се пука во близина на Трамп. Издвојуваме два момента, еден добар и еден лош, при што за второво оставаме отворен простор бидејќи Трамп има уште време да направи некоја поголема глупост. 

Кратка историја на СССР

Штом Ленин почина, се покажа дека вториот човек во партијата, другарот Троцки, е предавник. Камењев, Зиновјев, Бухарин и Сталин го соборија Троцки и го избркаа од СССР. Но, неколку години подоцна, се покажа дека Камењев, Зиновјев и Бухарин се исто така непријатели и саботери. Храбриот другар Генрих Јагода ги стрелаше. Малку подоцна, Јагода, како непријателски агент, беше застрелан од Јежов.

А ќе кажеш, просто ко клетка

Во 1974 година е напишана една книга во која се вели дека клетката е посложена од телото и посложена од планетата Земја. Тоа може да звучи како празна поетична белешка сè додека не ја видите оваа 3Д реконструкција на човечка (еукариотска) клетка - еден фасцинантен клеточен пејзаж кој не може да не ве натера да помислите кој/што стои зад сево ова.

Најскапото во менито не е наменето да се продаде

Најскапиот елемент во едно ресторанско мени не е изложен на видно место за да го купите. Тој има за задача да направи вториот најскап производ да ви изгледа разумно. Ова не е трик кој ако пројде- пројде, тоа е механизам потврден од науката за тоа како да се измами вашиот мозок и донесувањето одлука. Научен принцип стар 44 години кој ден-денес е главен принцип при правењето ценовници. 

Панорамски поглед на Газа

Од Втората светска војна, тешко дека некаде со камера е регистриран ваков призор на систематска и комплетна уништеност на едно населено подрачје. Па израелески војници уште држат и позиција на повисоките делови, со нанишените пушки, да не мрдне нешто случајно. Ако озгора е ваков ужас, можете да замислите како е долу, во самиот пекол.

Трамп мисли дека Грција е човек?

Темата за когнитивната и ментална кондиција на 79 годишниот американски претседател станува сè поактуелна. Објавивме како шмелца кога зборува (види: А на Бајден му се смееше), деновиве задрема сред прес конференција а пазете му ја изјавата за Грција: „Грција многу помогна. Грција е добар дечко.“ А оној „Металика мој добар другар“ ни беше смешен на времето.

Талент, раце и лопата

Еден ѕид може да се вароса, може да се стават тапети но ајде да ги видите фасцинантните релјефи што на ѕид ги прави една девојка од Азија. Неверојатен тродимензионален талент за перспектива и умешност тоа да се изведе. Балкански лузери фаќаат да коментираат како тоа не се извалкала, како тоа цело време е облечена во бело, знае ли девојката да везе... 

Телефонските батерии веќе не се недопирливи

Само да потсетиме дека од идната година (18 фебрари 2027) производителите на смартфони кои се продаваат во ЕУ ќе мора да имаат заменливи батерии на своите уреди. Што значи дека мора да обезбедат секој корисник лесно, со обичен алат или без него, да си ја смени старата батерија на телефонот со нова кога тоа ќе му затреба. Конечно, добра регулација во корист на корисниците.   

Кога секоја точка претставува 100 мигранти

Пред некој ден пишавме дека бројот на имигранти во земјите од ЕУ лани достигнал историски максимум од 64,2 милиони. Тоа е за 2,1 милион повеќе од претходната година и за дури 24 милиони повеќе отколку во 2010 година. Има една визуелизација на тоа демографско цунами кое го коментираат: Вака значи изгледа инвазија. 

Печурката од која сите гледаат џуџиња

Во делови од Кина, печурката Lanmaoa asiatica е масовно продавана и јадена. Обично е безопасна, освен ако не е доволно зготвена. Во тој случај работите брзо стануваат чудни. Стотици луѓе пријавиле во болница дека гледаат армии од џуџиња и други пинцури како им маршираат и играат по дома. Некои јаделе супа. И сето тоа знае да трае со денови. Ако некој има, не бидете пеери, знаете кај сме.

Иранските преговарачи се чувствуваат како глинени голуби

За неполна година, Иран двапати беше нападнат од Америка среде преговори и тоа со веќе договорени датуми за следната средба. Имајќи го тоа на ум, плус колумната скоро објавена во Вашингтон Пост (овде) во која се бара Трамп да ги ликвидира иранските преговарачи ако преговорите во Исламабад пропаднат, овие решиле да слетаат во друг град па од таму да фаќаат воз до дома.

Мудрите зборови на професорот Слингерланд

Алкохолот ни ја враќа когнитивната флексибилност од детството. Ги руши бариерите и на различните делови на мозокот им дозволува да комуницираат (исто и опијатите, ама подраматично). Затоа е корисен во бреинсторминзи и слични ситуации, кога ќе се дојде до ќорсокак. Ок, кога ќе се претера, утредента никој не се сеќава на „брилијантните“ идеи до кои се дошло, па мора сè од почеток. Животот е мачење.  

Абу Даби, пред нафтата

Абу Даби е главен град и најбогатиот емират во ОАЕ. Близу 4 милиони луѓе, БДП од 327 милијарди долари (Македонија - 16,6 милијарди долари), со години прогласуван за најбезбеден град на светот. Не толку одамна, тоа беше мала крајбрежна населба омеѓена од море и пустина, со екстремни температури, оскудица на свежа вода, живот во ќерпичи од палми лисја и кал, гњурење по бисери... А потоа, во 1958 година, најдоа нафта.

Израел брише села и градови во Либан

Дрскоста и бескрупулозноста на Израел и неговата армија се фрапантни. Не е само оној долготраен масакр во Газа; во последниве две години имаaт извршено напади врз дури седум земји (Либан, Сирија, Иран, Јемен, Катар и водите на Тунис и Малта). Последниот бран на бес го излија во Либан. Еве го епилогот: израелските војници возат низ урнатините и се фалат дека ги ослободиле местата. Од живот. 

Чедо - Што да праву?

Кумановскиот глумец и стенд-ап комичар Чедомир Митевски (за оваа прилика раперски скратен на Чедо- нема појако раперско име од Чедо!) има песна која баш нè освежу. Наапан е ко Едо Маајка и Френки (Хајмо их рушит!) ама тоа кумановскиот му дава лежерност како кај Војко В. Да не тупиме. Ќе ви се свиѓа или нема да ви се свиѓа. Нас ни се свиѓа. Свиѓу. 

Цензура со бучава

Денешните власти не мора да спречат објавување на некоја сторија. Кога - за нив - непријатната приказна ќе излезе, се преплавува интернет просторот со други приказни и стории кои ќе продуцираат дополнителни бранови коментари, мислења и кавги од следачи или ботови, за нормален човек да стане збунет во тој хаос и конечно- да се тргне од таа бучава. Не треба да се спречи слободата на говорот, само треба да си погласен од другиот, за тој да не може да биде слушнат.   

Оди спиј бе, човек

„Не спие. Се претставува како Исус. Цела ноќ постира. Не е добар,“ заклучува еден дечко кој го забележал тајмлајнот на маничните постирања по социјалните мрежи на Доналд Трамп. Додека цела Америка спие, тој виси на мрежите и лудува, па меѓу глупо меме и статија за Бајден, најлефтерно ќе најави дека ќе го блокира теснецот. Човекот не е добар.  

Мастерклас: Усна хармоника

Усната хармоника е традиционален германски фолк инструмент кој се користел за придружба на оние цин-цингл полки и јодлања, но требало да падне в раце на американските црнци за да се открие блузот во неа. Иако навидум ограничена на квинти кои се добиваат со вдишување и издишување низ десетте дупки, малиот инструмент може да извади комплетни три октави. 

Сите знаат... утакмицата е наместена а добрите изгубија

Сме виделе одлични видеа направени со вештачка интелигенција. Ова е мастерпис. Потребно е човек неколку пати да го одгледа за да ги улови сите детали: Чарлс Менсон, Оракл, Џастин Бибер... Империјални игри во кои зад суровата реалност се одвива Eyes Wide Shut. И пак некои работи не ни се јасни: кој е оној лево од Нетанјаху во завршната сцена?

Пит Хегсет: Евангелие по Тарантино

Прво Трамп му се здаде на папата зашто зборувал против војна (види овде) и оние кои тоа го правдааат со божја воља (види овде), се заканувал и Пентагон (види овде), па ЏејДи Венс му порача да не се меша во политика но и да биде многу претпазлив кога зборува за теолошки прашања (??) и еве го сега „теологот“ Пит Хегсет, со цитат од Библијата, ама во верзијата од Палп фикшн. Не знаеш кој од кој е полуд. 

Том Вејтс и Масив Атак? Давај!

Кога чувме за ова, бааги нè изненади комбинацијата: електронските шизици заедно со трубадурот на скршените. Првите немаат извадено песна шест години, другиов дури осум. Ама, еве ги. Со песна на Масив, пуштена низ шмирглата во грлото на Вејтс. „Денешнината, како и сите вчерашни времиња на човештвото, гарантира дека оваа песна никогаш нема да излезе од мода“, вика Вејтс за Boots on the Ground.

Како животинската маст стана непријател?

Пред СЗО во Женева во 1953 година, американскиот физиолог Ансел Кис презентирал графикон кој ја прикажувал потрошувачката на масти во однос на смртноста од срцеви заболувања во шест земји. САД на врвот. Јапонија на дното. Меѓу нив јасна надолна линија. Графиконот ќе продолжи да ја дефинира глобалната политика за исхрана во следните седумдесет години. Имало само еден мал проблем.