Илон Маск е клошар за Џингис Кан

Нето вредноста на Елон Маск од 1,3 билиони долари е потврдена од неколку извори, вклучувајќи ги Форбс и Блумберг и се очекува човекот да тргне накај два. Импресивни цифри и никој жив ни приближно не му е рамен. Па сепак, во однос на тоа што го поседувал самиот, Џингис Кан би можел да ги списка парите на Маск за бакшиш. Ако Џингис имаше навика да остава бакшиш. 

Колку подалеку се оди назад во историјата, толку потешко е да се процени реална бројка на нечие богатство.

Тежината на Ендрју Карнеги (1835-1919) е тешко да се пресмета врз основа на опипливи мерења. Колку вредела сопственоста на челичарниците? Toj обично се проценува на околу 375 милијарди долари. Слични проблеми постојат и со Џон Д. Рокфелер (1839-1937), чија нето вредност обично се проценува на околу 400 милијарди долари. 

Постои уште една категорија на супербогати: императорите. Повеќето од нив живееле пред векови, а проценката на нивната нето вредност е уште повеќе лабава. Сепак, голем број се појавуваат на листите на богати, особено кога се земаат предвид долари прилагодени на инфлацијата.

Листата на владетели обично го вклучува Моамер Гадафи (1942 до 2010 година), лидерот на Либија. Аргументот е дека тој поседувал поголем дел од нафтените резерви на земјата.

Според Јаху, најбогатата личност во историјата е Џингис Кан (?-1227), кој во денешна вредност имал 120 билиони долари. Освоил околу 31 милион квадратни километри. Повеќето биографии велат дека тој давал земја откако ќе ја освоел, области кои станале познати како Монголско Царство. Попат, историчари велат дека убил милиони луѓе. На крајот од својот живот, според Британика, „Монголците контролирале земја од Кинеското Море до европскиот дел на Русија“. 

19 јуни 2026 - 12:41