Изјава на еден воен злосторник

Бен Гвир и Смотрич важат за најрадикалните министри во владата на Нетанјаху (не дека другите се нешто многу поумеерни, види како размислува министерката за социјална еднаквост). Бен Гвир го знаеме како тормозеше луѓе од флотилата за Газа (овде), отвораше шампањ и носеше значка во облик на бесилка кога се воведе смртна казна за Палестинци (овде), повикуваше Евреи да го населат јужен Либан (овде)...

За секоја солза на израелска мајка, илјада либански мајки мора да плачат.

Целиот Либан мора да гори!

Со целосна почит кон Американците, Израел мора да му покаже на целиот свет дека крвта на нашите синови и безбедноста на нашите граѓани не се забораваат. Цели Либан мора да изгори. Наша врвна должност е да ги заштитиме граѓаните на Израел и војниците на ИДФ, и оваа обврска има предност над секоја друга мисла.

Му реков на Премиерот, дури и во нашите приватни средби: За секоја солза на израелска мајка, илјада либански мајки мора да заплачат. Доста со пинг-понгот. На Блискиот Исток не се победува со одмерени одговори и воздржаност — треба да се полуди. Да се уништи. Да се здроби теророт.

Бен Гвир, министер за национална безбедност на Израел

 

 

24 јуни 2026 - 12:21