Лионел Меси е статистичка аномалија

Перформансите на аргентинскиот фудбалски патријарх во голови и асистенции толку остапуваат од нормалната крива на дистрибуција што кога просекот на висината на луѓето би изнесувал 1,75 метри, Меси би бил висок над 2,30 метри. Веројатно никогаш во животот нема уште еднаш да видиме таков феномен, во која било област.     

Меси е позициониран на 5,9 стандардни отстапувања (σ) над просекот на офанзивните играчи во петтте главни европски лиги, во голови и асистенции постигнати во 90 минути.

Во статистиката, нормалната крива вели дека 99,7% од поединците се во рамките на ±3 отстапѕувања (σ).

За отстапување од 5,9 σ веројатноста е помала од 1 на 500 милиони!

Ги земате сите напаѓачи од 5-те главни европски лиги; тоа се стотици играчи. Ги рангирате од најлош до најдобар во голови + асистенции по натпревар. Огромното мнозинство играчи завршуваат во средината - тоа е грпката на кривата на графиконот. Најдобрите (Халанд, Левандовски) се веќе далеку десно од таа грпка. Но, Меси дури и не се појавува на графиконот. Тој е толку далеку што кривата повеќе не го презентира.

Истото ова во поинаков контекст: ако ја измерите висината на сите Французи, просекот е околу 1.75 метри. Некој со 5,9σ би бил висок над 2.30 метри.

Тоа не постои. А тоа е Меси во фудбалот. Аномалија. Тоа значи дека статистички, играч како него се појавува еднаш на секои стотици милиони фудбалски кариери.

Веројатно никогаш повеќе нема да видиме нешто слично во нашиот живот; тоа не е нечие мислење, така кажува математиката. 

* извор

24 јуни 2026 - 12:55