Off Topic

Феѓа Штукан: Паметните веќе немаат луксуз да молчат

Дојдовме до апсурд паметните да мора да се повлекуваат и да бираат зборови за да не навредат нечија плиткоумност и суета. Дозволивме алгоритмите да станат судии, а толпата што во животот не прочитала три книги да држи предавања за медицина, историја, космос и морал. Дигитални дивјаци, вооружени со тастатури и комплетно отсуство на срам. 

Продолжение на „Баталете мајки, шајки“

Иако мојата преставка се однесуваше на дел од плажите во Струга, Инспекторатот направил вонреден инпекциски надзор на целото струшко крајбрежје, проверил 36 локации и ниту една од нив немала Одобрение за урбана опрема. Станува збор за 36 локации без дозвола. Не е можно советот на општината да ја нема оваа информација.  

Трамп се прогласи за најголем

Трамп нормализираше многу глупоштини што во некои други времиња ќе нè шокираа. Замислете, на пример, Гордана Силјановска да објави топ листа на досегашни македонски претседатели на која себе ќе се стави како најдобра од сите. Баш тоа го направи Трамп, среде нерешен Ормуски теснец и рекордни цени на гориво. Ако после Трамп не го изберат Мики Маус, нема како „нормално“ да се продолжи оваа линија на лудило.

Не баш силно светнал БДП

„Луѓе, какви 35 години!“, ќе каже Џамбазов на почетокот на спотот по повод 35 години од независноста на Македонија, како најава за караванот „Силно светнал ден“. Убаво му доаѓа на човек да се потсети на промоцијата на македонските пари, голот на Шаќири, кошаркарите во Литванија, Тоше... сето тоа со „Насмеј се и главата горе“, на Ана и Игор Дурловски. Само што, тие 35 години не беа скроз за смеење. А главата (главно) беше горе зашто ако беше поднаведната, ќе си го видевме џебот.   

На Трамп со трамповска цевка

„Да коментирам диктатор кој е крал на банкротирањето?“, потпраша гувернерот на Онтарио Даг Форд кого Трамп претходно во свој стил го испонавреди и го нарече лакеј и подлизурко. „Трамп е силеџија, од оние што ги познаваме од школо, што ќе ти ја изедат ужинката и ќе ти ги украдат парите, тоа е последниот чиовек од кој би примал совети“ со иста мерка возврати Канаѓанецот. 

Ако може вака, Скопје е веќе спремно

Пловдив беше Европска престолнина на културата во 2019 година, заедно со италијанска Матера. Имаа амбициозна програма „Заедно“ со над 320 проекти, околу 600 настани: изложби, театар, фестивали, концерти, улични уметности, проекти за интеграција (особено за ромската заедница во квартот Столипиново). Но, откако рефлекторите ќе се угасат а културата ќе си ги собере парталите, ќе останат само парталите. И Столипиново.

Старомодни вештини: Креативност во адвертајзинг

Кога алгоритмите во серија му сервираат на човек дебилни клипчиња кои служат во некаква рекламна цел, помислува дека креативноста неповратно е мртва. Ама потоа ќе налета на реклама како оваа и ќе освежи. За часовниците Knight е, со слоган „За секоја верзија од тебе.“ Не само што ситуациите се „relatable“ (со опроштење на софра), туку и финишот е брилијантен.  

Не бил Исус, доктор бил

Последниве недели Трамп е во таков ремпејџ мод (ќе уништеше цела цивилизација, пцуеше на Велигден, го нападна папата, ги испонавреди довчерашните медуимски сојузници...), што уште само на маче му нема удрено бокс. Објави и слика на која е претставен како Исус. Сега пробува да убеди некого дека на сликата тој бил - доктор. Сепак, ја избриша таа слика, најблиску што може таков човек да дојде до покајување или недајбоже, извинување.

Маѓар јако фаќал кривини во парламентот

Освен што успеа да го потепа Орбан на избори, Петер Маѓар успевал и да зема плата како пратеник во Европскот парламент (основна плата околу 8.000 евра), со изостаноци за какви од школо се брка. Имено, бил присутен на само 1,9% од гласањата. А кога другите од неговата партија гласале, гласале слично како оние на Орбан, објаснува неговиот независен колега од Кипар, Фидијас Панајоту.   

Твоето тело знае кога лажеш

Кинезиологијата е интегрална наука која ги поврзува анатомијата, физиологијата, физиката и геометријата со човечкото движење, со фокус на биомеханиката, мускулно-скелетната анатомија и неврофизиологијата. Еден од темелните принципи е дека мускулите се подредени на мозокот. На тоа се засноваат и полиграфите, односно детекторите на лаги. Еве уште еден тест за кој не треба опрема.

Групата за отпор на Трамп

Мегин Кели е едно од оние влијателни медиумски лица кои со систематско мавање по празните (или опасни) агенди на демократите беа клучна поддршка за вториот мандат на Трамп. Таа се најде и во групата за отстрел на Трамп, заедно со Такер Карлсон, Кендис Овенс и Алекс Џонс. Никој од нив (засега) не отстапи ни потклекна. Такер го имавме, да видиме што викаат другиве. 

Унгарија, можно сценарио

Унгарија одржува битни избори. Влоговите се големи, не само за таа земја туку за поширокиот гео-политички контекст. За земја членка на ЕУ, сценариото би требало да е едноставно: се гласа, се пребројуваат гласовите, се прогласува победник. Но, не мора да е така. Опозицијата тврди дека Орбан e е спремен да ги лажира изборите, други се сомневаат дека опозицијата подготвува сценарио веќе видено на други места.

Варуфакис: Грција е слугинка на Израел

Само шест часа откако Варуфакис даде оставка во јули 2015 година, премиерот Ципрас му дал зелено светло на Никос Коѕијас да оди во Тел Авив и да потпише прилично колонијалистички договор со кој грчкото небо им се отстапува на изралеските воздушни сили да вежбаат воени комбинации. И без согласност на домаќините. А нас па Грците ќе ни го чувале небото, што нè прави слуги на слугинката.

Јапонска поука за Трамп: Треба само да му ласкаш

Поранешниот јапонски премиер Шигеру Ишиба во три наврати се има сретнато со Доналд Трамп. Сосема доволно за да го сконта неговиот бинарен и нарцисоиден табиет. Трамп сака да му ласкаш, да се согласуваш со него, ако му предочиш дека некаде греши, одма се лути и гневи. Затоа Ишиба прво му викал дека е во право, а потоа му редел работи кои треба да се кажат. 

А потоа дојде Израел

Во местото Тајбе во јужен Либан, живот имало и пред 9.000 години. За тоа сведочат бројните драгоцени наоѓалишта во неговата околина кои датираат од неолитскиот период. Луѓето во Тајбе главно се занимаваат со земјоделство и одгледуваат маслинки, гројзе и портокали. А потоа дојде Израел.  

Радуј се Јапонијо, дур не ви дошле нашиве

На улиците на јапонскиот град Кумамото, десетици канцелариски службеници учествуваа во трка со канцелариски столчиња. Победникот бил награден (искилавен) со вреќа ориз од 90 кила. Треба да им пратиме претставници на македонската бирократија, доколку домаќините од братска Јапонија најдат начин нашиве после трката да ги одлепат од столчето.    

Китка- Матка

Марко Рубио, државен секретар на САД: „Замислете еден Иран кој наместо да го троши своето богатство, милијарди долари, на оружје и поддршка на терористи, тоа го насочеше да му помогне на својот народ. Ќе беше тоа многу поинаква земја.“ Два дена подоцна, неговиот шеф, Доналд Трамп: „Не можеме да ја плаќаме здравствената заштита, војни имаме...“ 

Солзите на инжинерот кому му го срушија мостот

Трамп беше многу горд што го срушиле мостот кај Караџ. Тоа го правеа и кога ја нападнаа Југославија. Овој беше недоправен, уште непуштен во употреба а ќе беше најголемиот мост на Блискиот Исток, долг преку километар, висок 132 метра. Солзите на градителот сами по себе се разбирливи. На Иранците им порача: „Господ ако ме поживее, повторно ќе го изградам и ви ветувам дека ќе поминувате по него.“  

Проблемите доаѓаат со брзина на точак

Знаете ли дека глобалните прекуокеански ланци за снабдување со нафта се движат со брзина на велосипед? Тоа е брзината на оние огромни танкери што лазат преку океаните. Тоа е и причината што ситуацијата уште изгледа доста нормално иако Ормускиот теснец одамна е затворен. Големите нафтени полжави излезени пред затворањето уште не се стигнати до своите дестинации. Кога таа нафта ќе се потроши, е, тогаш ќе ја сфатиме белјата.

Психопатијата си најде нов непријател

Претседателот на Соединетите Американски Држави утрово се разбуди и напиша 150 зборови. Не за Иран. Не за цените на горивото, не за цената на храната.  Не за царините што ги пореметија глобалните пазари. Не за стравувањата за рецесија. Доналд Трамп напиша 150 зборови против Брус Спрингстин.

Сурфате инкогнито? Се лажете

Режимот инкогнито или режимот за приватно прелистување се функции што ги има секој прелистувач, но ни приближно не се ни инкогнито ни приватно. Притоа, Хром е најлош бидејќи упорно не вклучува опции кои корисници со години му ги бараат. Тор му е мајката. Нешто побавен но блиндиран. Прифатливи алтернативи се и Брејв и Фајрфокс, вели дечкото од Privacy Guides.   

Во Германија се знае редот

Само да погледнете колкав е редот за чекање за влез во германски  клуб за кој велат дека 70 посто од луѓето не биваат пуштени врата. Мислиш Аца Лукас или Дино Мерлин настапуваат. Кај нас луѓе за пари не би чекале толку. Овој што снима (наш човек) вика, цела вечер бесплатно да пијам внатре па не ти чекам. Клуб Бергхаин, Берлин. Ниту тој ќе жали што не сме се виделе, ниту пак ние. 

Направи го ќарот повторно прв

За американските војни се води главно погрешна дебата. Главните прашања се дали Трамп ќе успее, кога ќе успеее, во што ќе успее? Никој не прашува колку таа војна е праведна, правична, оправдана, никој не прашува за кој американски интерес загинаа оние 160-170 ученички. И во ова интервју за Венецуела, ни збор за луѓето од Венецуела. Битно нафтата, контролата, битно покажавме дека сме појаки.

Ребрендирање на еден терорист

Пензионираниот американски дипломат, Роберт Форд, евоцира спомени како бил замолен од МИ6 (преку некое невладино прокси) да помогне во ребрендирањето на некогашниот џелат од Ал Каеда а сега претседател на Сирија. И како овој му се жалел дека методите кои му служеле како терорист веќе не вршат работа кога треба да управува со голем народ.  

Само коли ли да има хибридни?

Мат Гаец беше пратеник од Флорида, пред две години за малку ќе станеше главен обвинител по предлог на Трамп но се повлече откако му извадија афери со женски и плаќања за секс. Пазете ова: висок офицер му кажал дека на тајни локации се држат заробени вонземјани (?) и се принудуваат да се парат со луѓе (??), кои пак, се набавуваат од воени зони или од мигрантски каравани. Офф, уште тие ни фалат.

Операција „Епски резил“

Нема утка со оваа финта. Во својот бункер, Хитлер дознава за катастрофалните резултати од операцијата „Епски гнев“ и дека Техеран нема абер од капитулација. „Вака ли ќе ја правиме Америка голема? А на Путин му се смеевме за Украина! Сега се плашам и Куба да ја нападнам!“ вели егонаманијакот кој сепак се сети како да се извади од кашата. 

Од првиот до 17-от Ајфон

Првиот Ајфон излезе во јуни 2007-ма година. Неговата камера беше со два мегапиксела. Последен изваден Ајфон е 17-ката, со 48 мегапиксели. Иако разликата во бројките е драстична, реално на фотографиите (со сите џиџи-миџи употребени технологии) разликата и не е баш да ти падне вилица.   

Смартфоните ни ја одземаа најдобрата атмосфера за креативност - досадата

Луѓето прибегнуваат кон своите паметни телфони како сигурен штит против краткотрајната анксиозност, самотијата и досадата. Тоа е токму онаа плодна почва на која понекогаш се раѓаат најбрилијантнитe идеи. Некој ќе каже, постојат разни техники за да се исчисти мозокот од дигиталното ѓубре, но, што ако после успешното чистење, човек сфати дека мозокот му е - празен?

Зошто луѓето престанаа да носат капи и шапки?

До 50-тите години на минатиот век, мажи, жени па и деца речиси никаде не оделе гологлaви. На почетокот на 60тите, капите и шапките почнува да ги снемува. Неколку можни причини: повоената младина пружа отпор кон традиционалното, автомобилите, Битлси и Кенеди.  

Едни китови си помагаат, ние очи ќе си извадиме

Исклучително редок момент за животни кои не се примати. Група китови од редот на најголемите (Physeter macrocephalus) се собираат за да подигнат едно новороденче и да му помогнат да почне да плива. Важен момент бидејќи во тие пресудни мигови, малите знаат да потонат и да не успеат да заживеат. Да биде симболиката уште појака, помагаат возрасни женки од различни фамилии.