Трамп и Мелони пак ја спукаа

На Г-7, Трамп и Мелони во неколку наврати беа сликани во добро расположение, што се толкуваше како знак дека ги надминале претходните кавги. Ама, сељак каков што го дал Господ, Трамп отпосле кажа дека Мелони го молела и преколнувала да се слика со него. Таа не остана без зборови. Порача дека е згрозена од комплетните измислици. „Ни Италија ни јас никогаш не молиме!“

Значи, некои работи заслужуваат итен одговор. Изјавите на Доналд Трамп се целосно измислени. Јас сум искрено згрозена. Не знам зошто претседателот на Соединетите Американски Држави се однесува вака со своите сојузници. Не му е првпат. Можам само да кажам дека е штета што не покажува иста одлучност кон непријателите на Западот, кон непријателите на САД, кон лидери со кои наместо тоа се покажува многу попопустлив. Една работа треба да ја запамети: Ниту јас, ниту Италија никогаш не молиме!

 

19 јуни 2026 - 16:48