Сте се расправале ли како тинејџери по дома дека ништо не ви даваат? Никаде не ве пуштаат? Или можеби децата ви се дерат дека се свои луѓе и треба сами да носат одлуки? И Џини Пиларски така.
Како е можно една Mrs. Potts да има нишка што ја врзува со озлогласениот водач на култ заради кој беа искасапени Шерон Тејт и кутрите луѓе што се најдоа кај неа дома на 9 август, 1969?
И малку дотерани, жените се соочуваат секојдневно со типови што забораваат дека лицето им е некаде погоре од таму каде што им е упатен погледот. Има решение.
Веројатно ви се случило - ќе се закачите со партнерот за нешто небитно и десет минути подоцна, не се знае како, си вадите очи за многу подлабоки работи од почетната закачка.
Случаен пост на Тамблр, каде што корисник/чка ја споделува природата на вонсерискиот дедо што го има. За каков човек се работи дознаваме од неговата навика да прибира животни и некои работи едноставно не се измислуваат.
И за, и околу Дејв Грол и скандалот што сам си го испровоцира за да биде „добар дечко“. За тие што не знаат, од никаде и непотребно, Дејв Грол објави дека станал татко на вонбрачно дете со непозната жена и „сега работи на односот со семејството“. Светот запрепастен (Дејв Грол е отсекогаш префин), ќерките со деактивиран Инстаграм, а некои жени на детски игралишта - со прашања.
Луѓе заработуваат илјадници, ако не и милиони долари на снимања во живо каде што се однесуваат како да се заглавени во loоp, или - како статисти во видео-игра.
Мускулната маса е всушност количината на мускули што ја имаме во телото и помага за сила, баланс и метаболизам. Како што старееме е сè покорисно да ја одржуваме бидејќи сме поподвижни и имаме помал ризик од паѓање.
Дефиниција: Феномен на социјалните мрежи што го доминираат жени што сметаат дека се најдобри во секоја ситуација. Бидејќи се сметаат себеси за совршени, си дозволуваат да мразат, навредуваат и да се натпреваруваат со други жени. Можеби би се превело како „јас-јас“?
Пред три години, Брајтонскиот музеј отвора изложба со колекција на Фаберже предмети, откриени во нечиј магацин на емисијата Антикс Роудшоу. Меѓу нив и две стари рамки со фотографии од мистериозни жени.
Многу е глупо, ама постои. Рамки за слики, украсчиња, цвеќиња, статуи и други ситници што се ставаат по масички, полици и комоди, сега ги ставаат во фрижидер. За кога ќе го отворат да им биде убав. Fridgescaping.
Суелен Кери е жената што се прошета сама до олтар и се омажи (ожени?) за себе. Оттогаш, се има разведено (е некогаш не бива, де!) и сега работи на односот со „брачниот партнер“.
„Битлџус“ од 1988 му е омилен на Мајкл Китон од филмовите на кои има работено. А ликот Битлџус не се појавува до 25-та минута од филмот и го има во помалку од 20% од целиот филм.
Брачен пар - суперфанови на Дизни дале 400.000 долари за судски трошоци тужејќи се со компанијата што ги избркала од таен, ексклузивен клуб. Вам како ви се одвива денот?