Што се случи со Рик Моранис?

Ви текнува?

Во втората половина на осумдесеттите и почетокот на деведесеттите, Рик Моранис како да беше насекаде: Ghostbusters, Honey, I Shrunk the Kids, Spaceballs - филмови што буквално ја одбележаа ерата и му обезбедија статус на комичар што сите го знаат.

И го снема.

Причината е далеку од холивудски скандал или пад на популарноста - Моранис се ожени со костимографката Ен Белски во 1986 година, а четири години подоцна таа почина од рак, оставајќи го сам со нивните две деца. Неколку години по таа трагедија, во 1997, Моранис решава целосно да се повлече од филмот, не поради недостаток на понуди, туку затоа што сакал да биде присутен родител.

„Апсолутно не жалам за ништо. Мојот живот е прекрасен,“ има изјавено подоцна.

Иако неговото отсуство тој период беше забележливо, а Моранис го живее своето секојдневие далеку од камерите, сепак има издадено комични музички албуми кои дури му имаат донесено и номинации за Греми.

Во последниве години повторно се појавува во неколку проекти, но јасно е дека слепото бркање слава и сеприсутност не му е приоритет.

Еве го во реклама со Рајан Рејнолдс:

10 септември 2025 - 09:53