Доста викате дека Арја не заслужи да го направи тоа што го направи

Насловот е ваков килав од обзир за луѓето што уште не стигнале да пуштат ГоТ и после пет дена. Празници, сончеви денови, може и не сте се затвориле уште во темница за да ја изгледате трета епизода, имаме разбирање. Тоа не значи дека не следат СПОЈЛЕРИ.

Порнхаб се нуди да му ја спаси еротиката на Тамблр

Тамблр се продава. Во екот на општото разочарување од платформата, чии корисници си бараат друго чаре откако стана построго таму, Порнхаб мајчински ги шири рацете и ветува дека ако го купи, ќе им го врати целото изгубено порно.

Поема за анксиозноста

Поезијата е тешка категорија. Тешка за сакање, тешка за следење, тешка за игнорирање и тешка на еволуција. А сепак, во 21-ви век, некои нови клинци и даваат свеж пристап, поинаква презентација и користат социјални мрежи за да допре до повеќе луѓе, па така и до луѓе што баш и не ја есапат така често.

Па, тешко дека ќе има подобар наратор за шминкање

Ники Туторијалс, шминкерка со 11 милиони претплатници на Јутјуб, неодамна потпиша договор со Марк Џејкобс соработка, и меѓу другото најави „занимливи проекти.” Никој не предвиде дека под тој термин се крие соработка со Снуп Дог како наратор за туторијал.

Од кај толку слободно време?

Ајде да речеме дека е 2019-та и дека треба да се помириме дека нема што да имаме мислење за луѓе, поточно жени што решиле да не се депилираат. Никогаш. Ама, сега сакаат да ни забранат и да имаме мислење околу тоа што некои од нив, не само што пуштаат влакна - туку ги фарбаат во виножито.

Ванс и Хари Потер

Ванс објави минатата недела дека ќе додаваат нова тематска колекција, а воодушевувачкото и мачното истовремено е што ќе биде на тема Хари Потер.

Газ значи интелигенција и здравје

Не се јадете што се утепавте од јадење за празнициве.

Богот на сандалите е милостив

И ова е факт, од проста причина што не ни се наметнува елегантниот (и секако поубав) модел на сандали без платформа. Напротив, платформата никаде не оди.

Kолку е лесно да лажеш на Инстаграм, тоа е чудо

Ова го докажува една инфлуенсерка, за која сигурно не сте чуле, ама тоа не значи дека поентата не ѝ е добра. После еден куп слики од Коачела, вади видео дека воопшто не била и дека сè било лажно.

Зошто сте такви, бе?

Сме се расправале сто пати. Вагината не е фрижидер, не е осило, не е ќеса за поклон и не е тенџере. Престанете да ставате што стигнете внатре. Ако не ни верувате на нас, верувајте бар доктор кога ќе ви каже. Доктор што ќе се акне од земја што мора ова да го каже во 2019-та година.

Ако мразиш селфи има решение

Само позајмете од решението на Стефани Ли Роуз, уметник, мрази селфиња, а сепак сака да се овековечи себеси по одмори и знаменитости. И кога би имало повеќе креативни суштества како оваа чудакиња, светот би бил подобро место за живеење.

Нè има и такви што не ја сакаме Бијонсе

Шок-нешок, тоа е. Не дека постои некаква омраза. Јасно ни е дека е јака, дека е танчериште, пеачиште и забављачиште. Нема проблем. Само не разбираме што е тоа толку вени сечење, лазење по земја и таа тенденција да се прави божество од жената. Во ред е. Толку.

Тим Ган не е задоволен од Мари Кондо

Откако светот полуде по шоуто на онаа ситна Јапонка што средува туѓи животи по Нетфликс, Тим Ган, еден од омилените луѓе на Off Café сака да каже нешто.

Машкото его е како нежна жена

Теорија: Повеќето мажи преферираат кршливи, нежни, женствени жени. Непријатна е, и тоа баш поради тоа што многу потсетува на реалните искуства. Така е од праисториско време и така ни е вметнато во ДНК. И има врска со продолжувањето на видот. Но…

Филм за една изневерена жена

Поточно, за сопругата во едно геј порно, што постои исклучиво за да „отиде во мол” и за да „се врати и да го фати маж ѝ со кумашинот”. Со брилијантна Ема Стоун внатре.

Зошто се манекенките толку слаби?

Наместо верглање во празно за како е, и како треба да биде, наместо протести и промовирање на погрешни ставови, имаме еден скроз трезвен, непретенциозен и со факти издржан муабет од девојка што е внатре во модната индустрија.

Седум знаци дека е време за отказ

Колку од вас можат да се пофалат (па и само пред себе) дека успеале да се вработат во здрава средина?

Како Елизабет Холмс ја изигра силиконската долина

Еднаквост. Само Берни Мадоф ли да лаже луѓе?

100 години пудра

Еден од деталите што се забележуваат кога ќе почнете да го гледате видеото е дека се почнува од 1920-та. Пред да почнете да се буните дека ги рипнале претходните две децении од векот, да ве потсетиме - 2019-та сме. Значи баш, 100 години пудра.

Како мислиш, кафе со печурки?

Страв ни е да пишеме за ова, многу лесно може сечиј њуз фид да се претвори во албум за слики со кафе, печурки, книга, чорапи до колена и слично.

Најбоље порно до сега

После 15 години кариера како врвна порно-актерка, крунското достигнување на Анџела Вајт ѝ е тоа што покажа што се случува после секс.

Јади како Ворхол

На тие што го сакаат, па и на тие што не го сакаат, Ворхол им е познат по неколку работи. Чуден е, чудно изгледа, уметноста му е вонсериска, влијанието на поп-културата му е незаменливо. Тие што ги занима повеќе, навлегуваат и подлабоко во неговата биографија. Ние сме до Ворхол и храната.

Не се разбира Италија секогаш во мода

Ако сакаш некое уметничко дело да ја осуди мизогинијата, најверојатно не ти е паметно да побараш Италијанец да ти го направи.

Лето две илјади и деветнаесетто?!

Нусрат Јахан Рафи ја полеваат со керозин и ја палат во нејзиното школо во Бангладеш - затоа што пријавила сексуално малтретирање. Датумот е 6-ти април. Не пред 700 години. Пред помалку од две недели.