Њујоршката модна недела пред Инстаграм и инфлуенсери

На крај на ’90-ти, секој можеше да ја посети Њујоршката модна недела, што тогаш главно се оддржуваше под шатори во Брајант Парк.

Не дека баш секој можел да добие карта, но инспирирани млади луѓе можеле да најдат начин да се пикнат зад сцена или да се шеткаат надвор, во надеж дека ќе начекаат некој дизајнер, како на пример Ајзак Мицрахи, или манекенка, во тоа време бејби-фејс како Жизел Бундшен.

Сомсак Сикумуонг, кој чува стотина фотографии од манекенки во кутија за кондури, ведро се сеќава на тоа поубаво време и раскажува дека тогаш, манекенките се облекуваат удобно и практично, наместо во секое време да бидат спремни за сликање. Носат шалови и џемпери, неиспрани фармерки и валкани патики. Некогаш нафрлаат брендирано сако или ташна, ама главно трчаат од ревија до ревија во најобична дневна униформа.

Две децении подоцна, модната недела е погломазна и далеку попосетена. Воопшто не е настан на кој можеш да влезеш само со покана.

А порано, ни блогери, ни уличен стил, ни Вог.ком. Професионалните фотографи, околу четворица на број стојат пред врата. Манекенките имаат време, застануваат, се сликаат со по некој упорен ентузијаст, па си одат. Се работи за време во кое, ако сакаш да видиш што ќе се носи за шест месеци - мораш да најдеш начин да влезеш.

Денес има толку многу луѓе, што тешко е да се кажат имиња, а и од кои причини се оди, па чувството на некои вљубеници во времето пред Инстаграм им е повообичаено. Сикумуонг вели,

„Денес сум сигурен дека луѓето се дотеруваат за да ги сликаат и тоа дава многу поинакво светло на целото искуство. Во ’90-ти беше чисто, дури наивно. Секогаш уживав да ја сликам Шалом Харлоу, особено затоа што учевме во исто школо во Ошава. Беше три години постара, но мислам дека баш заради тоа бевме поврзани. И Кејт Мос беше супер. Линда Еванџелиста.

Интересно е да се види стилот на тие жени денес и тогаш, затоа што денес секогаш разговараме онаа high-low мода, а тие го почнаа овој тренд на времето. Први бираа кога се работеше за брендирана облека, ама никогаш не знаевме дали носат голем бренд. Носеа Норт Фејс јакна врз твид од Шанел, или валкани патики со некој лудачки скап капут и таквиот стил има големо влијание врз она кон кое јас гравитирам во однос на мешање работи на неочигледен начин.”

19 септември 2019 - 00:03