Forever 21 е пред банкрот, откако не успеа да ги задржи најверните муштерии од причини тесно врзани со статистика. Имено, истата категорија што пазари таму, е позната и по тоа што се повеќе се врти кон онлајн купување - индустрија каде што Forever 21 „нешто се мачи”.
Она што не го знаевме, меѓу другото е и дека сопствениците се од Јужна Кореја, а во еден клише пример, како изваден од книга за самопомош, во Америка се преселиле шворц, а работеле шанкови, бензински, фризерај и слично.
Се до моментот кога еден од нив, работејќи на бензинска, сфаќа дека луѓето со најубави коли - сите имаат бизнис со облека.