Улична мода, Лондон

Ајде да одмараме очи и да замислуваме дека и во Скопје вакви ќе се шетаат. Може нешто да не ви е по ќеиф, ама барем нема да ни биде досадно.

Патем, некои работи се како од нафталин извадени, од молци изедени, од Господ заборавени... И пак изгледаат подобро и поприкладно од тоа што го облекувате на Манаки.

Дури и ова:

И молците...

А, конечно добро. Ташна врв, само што, одвлекува внимание од завесата што најхрабро ја закачила околу себе. Нели е ова боље за на состанок, отколку да облечеш нешто безбедно ко костимче, на пример?

Да, најавивме дека некои се од нафталин...

Некои се невозможни, а сепак занимливи:

Некои се врв, како ова на пример. Видете колку е внимателна, од очила за сонце, до строга ташна разубавена со 2-3 цвета, до фризура, до шишки.

Ова, иако не се гледа цело, успева да изгледа како убедливо најудобната комбинација во цел Лондон и пошироко. Личи на комбинезон, на пижама, на нешто за по дома и истовремено за на свадба кај другарка, личи дека е многу удобно и за спиење и за на кафе. Не се знае чие е, ама - постојат шнајдери.

Би носеле толку шарено? Све ми боје лепо стоје?

Ова не се знае зошто:

Ова топ:

Ова како симнато од списание за тинејџерки од 2002-ра:

Ако веќе мора костум, тогаш нека биде ваков:

Ова е овој:

Безопасни. Толку ли им се виде далечна 2000-та па мораа „да ја враќаат”?

Топ:

Просто да ти падне криво што заладува. Ама не доволно криво, со оглед на пеколот што го пројдовме:

Видовте дека Канје има затворени, Јизи Крокс? Затоа што откако ќе ги видите, на овие ќе им речете да се вратат, дека сè им е простено.

Дечкото е облечен подобро од девојката. А девојката е врв.

Некогаш, веќе досадна комбинација на црвен капут и црвени сандали е доволно да ја облагородиш со вистинската ташна, и еве:

Сликава може да се подели на „све проаѓа” и „нешто што не проаѓа дури и во ера на 'све проаѓа'.”

Slay.

Да, рековме од подрум вадени, точно...

Вакви ко да имаме...

Е, вакви немаме, а нема зошто да не ги охрабриме да излезат.

извор

20 септември 2019 - 00:00