
Терминот „Литосексуалност“ опишува ориентација или начин на доживување на сексуалната привлечност кај кој човекот може да чувствува сексуална желба, фантазии или привлечност, но без желба таа привлечност да биде возвратена или реализирана преку конкретна сексуална интеракција.
Поточно, го привлекуваш, ама не сака и тој да те привлекува тебе. За литосексуалните лица, самото чувство на привлечност може да биде доволно, ама однос, или интимен контакт - нема потреба.
Поимот се наоѓа на асексуалниот спектар, кој опфаќа различни начини на доживување на сексуалноста надвор од традиционалните модели и не мора да значи целосно отсуство на сексуална привлечност, туку специфичен однос кон неа. Некои литосексуални луѓе може да уживаат во романтични фантазии, еротска уметност или замислена интимност, додека во реалниот живот немаат интерес за сексуални односи, дури и се чувствуваат непријатно ако привлечноста е возвратена.
Постои разлика меѓу литосексуалноста и целибатот или апстиненцијата. Целибатот е избор на однесување, често поврзан со лични, религиозни или практични причини, додека литосексуалноста се однесува на внатрешно доживување на привлечноста. Исто така, не е исто што и срамежливост, траума или страв од интимност, иако кај некои луѓе овие искуства можат да се преклопуваат.
Луѓето што се на овој спектар може повремено да посакуваат интимност, други никогаш, а трети само во строго дефинирани услови. Современите разговори за сексуалноста сè почесто ги вклучуваат овие нијанси, а ги нормализираат и до степен да се испокараат - некои сметаат дека литосексуалноста е присвојување на лезбејството, бидејќи лито доаѓа од грчкиот збор за камен - оттаму, stone lesbian е лезбејка што сака да пружа сексуално задоволство, но не и да го добива, па уште се договараат кој смее да го користи litho.
Ете, сега знаете.
На темава имавме и:
Пол како „празен плац“ - луѓето што не сакаат да бидат ни машко, ни женско, ни ништо