Секој кој присуствувал на аматерски (и не само на такви) балетски претстави каде се случиле некакви грешки, ги забележал: доцнењата, сопнувањата, несинхронизираноста, па дури и паѓањата. Сите тие овој пат се намерно вградени во смешна кореографија под име „Концерт: опасноста од сите“.
„Апсолутно ги мразам фините домаќински реклами на позадината на моите новопечатени книги“, твитна наградуваната британска авторка Џанет Винтерсон. Под твитот е фотографија на мал куп книги во мек повез, како горат.
Кога денес ќе го пиете домашното кафе, или ќе го купите во парк од оние шанкчиња, дали ќе помислите како тоа стигнало до таму? Еден човек одлучил да ја следи трагата - од зрното кафе на нечија плантажа, до локалната кафетерија, и на сите да им се заблагодари за истото.
Сеизмичките историски настани можат да ја насочат креативноста во нови правци. Допрва ќе се види што ќе изроди актуелната пандемија, но едно е веќе јасно и се однесува на типографијата и фонтовите.
На 84 години, Глас не престанува да експериментира со жанрови. Овој пат станува збор за „Деноноќниот циркус“, чија премиера се одржа во оперската куќа во Малме на 29 мај, онлајн и во живо. И еден куриозитет - со хорот диригира нашата Елена Митревска.
Ролна тоалет хартија која се носи на главата за настинати или алергични. Малецки брисачи за прашина за стапалата на вашата мачка. Мрежи кои се закачуваат на рамениците и спречуваат да ви падне обетка. Што е заедничко за сите овие изуми?
Пред точно сто години двајца италијански имигранти во САД биле обвинети за убиство на чувар и вооружен грабеж во компанија за чевли во Масачусетс. Седум години подоцна биле погубени на електрична столица. Нивното судење и денес останува контроверзно.
Жената на која никако не ѝ стои да ја викаат „бабичка“, секој ден пишува по една приказна за нејзините сожители во домот за стари лица во Сиднеј, учествувала во најпрестижниот сликарски натпревар во Австралија и сè уште се занимава со нејзината најголема страст - танцувањето.
На 6 ноември 1869, Ан Престон, деканка на Женскиот медицински колеџ во Пенсилванија и нејзините студентки требало да присуствуваат на предавање заедно со своите машки колеги. Ова за денешно време не е ништо необично, но тогаш претставувало радикален чекор. Машките студенти ги навредувале и ги плукале со џвакан тутун.
Не мислиме метафорично, кога некој се „гребе“ од добрината и душевната топлина на другите. Не мислиме дури ни на соседи со исклучено парно кои се греат од соседните станови. Мислиме буквално на крадење топлина од нечие тело.
Во повеќе земји пандемиските мерки се олабавуваат, и полека (ќе) се враќа ноќниот живот. Но шведскиот концепт предвидува поминување на петочните вечери на тросед, и тоа не со харинги.
Како и секој технолошки напредок, и овој ветува неверојатно корисни примени, но истовремено отвoра и големи можности за злоупотреба. Или барем за резил.
Документи и лични предмети, меѓу кои и персонализирани колички на Хокинг ќе бидат подарени на Музејот на наука и на Универзитетската библиотека на Кембриџ. Тоа за семејствата-наследници ќе значи отпишување даночни долгови.
Британците имаат еден широко познат речник на старогрчки, издаден при крајот на 19 век. Но во него согласно викторијанскиот морал преводот и толкувањето на зборовите се прилично смерни. Сега тој е ре-издаден, без влакна на јазикот.
Да му поминела таа книга од 1930-та, Штајнбек веројатно денес немаше да биде најпознат по „Глувци и луѓе“ или „Источно од рајот“, туку по мистерии со вампири и други митолошки суштества.
Иако од време на време си ги дизајнирал кориците на албумите, Дејвис не почнал да црта и слика до средината на своите 50-ти. Но тогаш, во период на музичка пауза, станал опсесивен во своето ново хоби.
Денес е ден на сесловенските, но и на уште еден, музички просветител. „Бев многу постар тогаш, сега сум подмладен“, пеел тој на 23 години. И со оглед на темпото на работа, не делува како да влегува во деветата деценија.
По тест период спроведен во 14 области во Франција, сега новата пропусница за млади која важи за влез во музеи, посета на изложби, претстави или концерти ќе почне да се применува и на национално ниво.
Кој сум јас? Дали сум мојата ДНК или производ на моето воспитување? Колку можам свесно да се променам? Дали може да имам повеќе од еден идентитет? Ова се релевантни прашања, но можеби ги поставуваме од погрешна перспектива.
Нова книга на Стивен Џонсон, која е истовремено и документарна серија на Пи-би-ес, ја истражува науката и медицинските иновации кои имаат победено некои од најсмртоносните болести, и го имаат удвоено траењето на човечкиот живот.