Од утре (вторник) на полиците на книжарниците ќе може да се најде најавуваниот прв мемоар на славниот физичар, полн со детали од приватниот живот и фотографии, а како што велат, и со добар хумор.
За време на вчерашниот кошаркарски натпревар против Србија можеа да се чујат добро познатите метафори за „оставањето на срцето на теренот", но и онаа за „ранетиот лав", кој ја остварил својата одмазда. Стилските фигури се алатка на поетите, спортските коментатори, но и на политичарите кои почнуваат или спречуваат војна користејќи ги.
Во рубрикава понекогаш сме обвинувани за „жанровска несташност", дека наводно се занимаваме со теми кои не се од областа на културата. Ама еве пресудете сами: оваа е за еден биофизичар, еден композитор и за растителни протеини кои произведуваат мелодии. Нели звучи културно?
Taман кога мислиш дека се се знае за некој славен автор, излегува нова биографија за него, со сочни детали кои ветуваат „нови хоризонти во разбирањето на неговиот книжевен опус". Во случајот со Селинџер, клучот за толкувањето излезе дека се наоѓа - меѓу неговите нозе.
Mика Ангела Хендрикс е интересен илустратор, дизајнер и цртач, а инспирацијата ја црпи од Морис Сендак, Роберт Крамб и Џим Хенсон. Но како што тргнала работата, нејзината четиригодишна ќерка Мила наскоро може да ја надмине во креативноста.
Облозите за овогодишниот Нобел се објавени и Мураками води со 3-1. Сепак Ladbrokes, британската обложувалница, има утнато неколку пати претходно, па на јапонскиот писател му се советува да почека со пишувањето на говорот.
На Русите едно мора да им се признае - дека имаат долга читачка традиција, и дека се подготвени да сторат многу за таа да не згасне. Ваквите интересни кампањи се еден од начините.
Новата британска монета од педесет пени ќе му биде посветена на композиторот Бенџамин Бритн. Но наместо неговиот лик, на паричката ќе стои стих од Тенисон.
Интересна комбинација на филозофи и сликари, базиран врз сличностите во нивниот светоглед. Штета што не го искористиле Ворхол, тој би легнал на еден куп поп-филозофи од земјата и странство.
Приказна од само неколку зборови. Како твит или хаику, кои дестилираат некакво силно, тешко искажливо чувство. Тоа сигурно важи за овие, кои се хроники на искуствата на американските војници во „војната против теророт".
Иако била првата жена-режисер на играни филмови, за неа до скоро не знаеа ни Џоди Фостер, ни Роберт Редфорд, ни Бен Кингсли. Сега двајца ентузијасти снимаат документарец за неа, кој ќе ѝ го зацементира неправедно одземеното место во филмската историја.
Сметан за најголем ирски поет по В. Б. Јејтс, добитникот на Златниот венец на Струшките вечери на поезијата од 2001 и на Нобеловата за литература замина во вечните поетски ловишта на 74 години.
Нова биографија на славното „врапче" тврди дека неколку работи кои досега важеа како точни во врска со нејзиниот живот се целосни измислици. Не дека тоа нешто ни менува кога е во прашање нејзината музика.
По провокативното чепатење на Мајли Сајрус на овогодинешниве МТВ награди, кои некои го нарекуваат играње, глаголот „to twerk" доби на популарност. До толку што излезе муабет дека експресно го додале во Оксфордскиот речник на англискиот јазик.
Непреводливоста е еден од симптомите на немоќта на јазикот како алатка. Од друга страна, таа покажува дека она што на прв поглед изгледа како хендикеп всушност отвара простор за креативност. Како овие 11 илустрации на тешко преводливи зборови, чие значење сепак делува блиско.
Тежу Кол (1975), американски писател со нигеријско потекло кого го засакавме заради романот „Отворен град“, е една од добрите причини за човек да биде на Твитер. Секогаш луциден, тој овој пат се обиде да состави свој речник на секојдневни поими, и да се обиде да се соочи со она што стои зад зборовите.
Вернер Херцог е еден од најзастапените ликови на овој сајт, и тоа со добра причина. Тој не само што одличен режисер, туку е и интересен како човек. Ретко се среќава извикан интелектуалец кој би си останал на зборот, и би го сторил она што го има направено Херцог.
Рускиот закон воведен во јуни оваа година кој забранува „пропаганда на нетрадиционални сексуални односи", најчесто се спомнува во контекст на претстојната Олимпијада во Сочи. Но сега тој стана причина за (авто)цензура на нов биографски филм за славниот композитор.
Кај нашиот северен сосед во тек е реконструкцијата на 18 министерства. И тоа не би било интересно за Букбокс да не се спомнува, како сериозен кандидат за иден министер за култура, и едно нам драго име. Текстов сфатете го како навивање, или просто како симпатија кон ваквите ликови.
Во 1979, додека бил на европска турнеја, Том Вејтс oдржал концерт и во главниот град на Австрија, и се согласил да мине еден ден со филмска екипа. Погледнете го: има само 30 години, раскажува ко некој врач, и е многу сладок.
Во најновиот број на белградско Време (достапен само со претплата) Манчевски го објаснува својот однос кон фотографскиот медиум, и кон раскажувањето приказни. Наскоро, по премиерата во Венеција, ќе го презентираме и неговиот краток филм „Четврток“.
Британската организација за човекови права Реприв издаде соопштение, во кое ги обвинува властите во затворот дека блокирале достава на антологиската „Архипелагот Гулаг" за еден нивен штитеник.