Германски истражувачи повикале 4.000 волонтери да присуствуваат на поп-музички концерт, за да им помогнат да ги проценат ризиците од заразување со коронавирус на масовни собири.
„Светот на спокојството“ ќе понуди приказни и слики кои ќе се обидат да го намалат стресот и хаосот на времињата во кои живееме. Богами, потребни ни се.
Се вика „Никогаш“ и е на помалку познат шпански надреалист, кој си го одзел животот на 51 година. Претставува грамофон во авто-еротска женска поза, а до скоро чмаел во париски магацин.
Меѓународен колектив на ди-џеи и композитори на електронска музика прави мешавина на денс ритми, звуци од шумата и џунглата и песна на птици. Приходот од продажбата оди за спасување на најзагрозените видови.
Срамот е емоција која стои во темелите на човечкиот поредок. На почетокот, Адам и Ева не се срамеле. Потоа каснале од дрвото на знаењето, очите им се отвориле, сфатиле дека се голи и се покриле со смоквини лисја. Токму нивниот срам е она што ги направило луѓе. И обратно, отсуството на срам се толкува како знак на нечовечност.
Ликовите кои ги толкувал на големите екрани имале турбулентни животи. Но и приватниот живот на Чарли Чаплин не бил без возбуди. Во една прилика, на пример, тој за малку ѝ избегал на смртта за време на воен удар во Јапонија, во 1930-тите. И ич не било смешно.
Пред да има вакцинација во денешната смисла на зборот, во 15 век во Кина почнала да се спроведува „вариолација“ - прв метод со кој луѓето се имунизирале против големи сипаници. Начинот е малку гаден, но резултатот бил крајно успешни. Секако, и тогаш имало анти-ваксери.
Некако не ни се верува дека поминале толку години. И тогаш, на 13 јули 1985, ни беше јасно дека станува збор за голем настан. Триесет и пет години подоцна, делува како нешто што никогаш повеќе нема да се повтори - 16 часа врвна музика, која преку 13 сателити и голем број ТВ приемници (во нешто што денес изгледа како „камено доба на телевизијата“) поврза скоро 2 милијарди луѓе.
Секоја година во САД се регистрираат повеќе од 50,000 сценарија. Но само мал број од нив навистина се снимаат, а уште помал број засекогаш ја менуваат филмската историја. Чисто статистички, помеѓу нив мора да има и нешто што вреди. Но како тоа нешто да се најде? Еден човек решил да не игра по правилата.
Веројатно нема побуквален начин фотографски да се забележи периодов низ којшто поминуваме, отколку самите фотографии да го содржат она што го ставаме на нашето тело. Средства за заштита од бактерии, вируси и од лоши мисли.
Вистинското име ѝ било Марија Барбела. Во 1895 била обвинета за убиство на љубовникот и осудена на смртна казна. Нејзината приказна била медиумска сензација.
Оваа приказна има врска со еугеника, производство на млеко и месо, и со „чесниот суд на говедската правда“. Иако звучи неверојатно, ова е чиста историска вистина.
Џејсон Пеџет е опседнат со математика. Дури и кога мие заби - ја става четката под чешма точно 16 пати. Има необичен талент, да црта прецизни повторливи геометриски шеми, познати како фрактали, рачно. Но тој не е роден со овој талент, туку го должи на еден (не)среќен случај.
Неговото име потекнува од стар шведски збор кое значи „штици кои се користат за заштита на бродски товар“. Ако го толкуваме како обезбедена архитектонска структура, често под земја, чија намена е заштита на луѓето или на скапоцени предмети во тек на криза, тогаш бункерот е најстариот тип објект направен од луѓе.
Дали деновиве ви се случило да добиете мејл, или да ве спомнат во пост, во кој се бара да го напишете омилениот рецепт, да препорачате книги или да размените стихови поезија и истите да ги препратите понатаму? Методот е стар, но поентата е иста - споделување и социјализација.
Се викала Gruppo di Improvvisazione Nuova Consonanza, или скратено „Ил групо“. Формирана во Рим во 1964, таа се смета за првиот колектив на експериментални композитори. Нејзин член бил и Енио Мориконе, кој почина денес, 6.7, на 91 година.
Во својот краток 40-годишен живот напишал 50 книги. Бил првиот американски писател кој заработил милион долари (денешни 25 милиони). Пишувал за златната треска, бил воен дописник од руско-јапонската војна и преку своите дела ги промовирал социјалистичките идеи. Последново му овозможило предност во освојување на нови читателски пазари, до кои неговите колеги немале пристап. На пример во - Советскиот сојуз.
Во тек на меч помеѓу Виктор Корчној и Анатолиј Карпов од 1978 паднало необично обвинение - дека совети за следен потез на вториот му се пренесувале преку освежителни овошни јогурти.
Постапката е позната како „доксинг“ (за што пишувавме тука) - откривање на вистинскиот идентитет зад онлајн прекар и објавување друг вид приватни информации. Што не е незаконски сè додека доксирањето не се користи за уцена или за изнудување. Во случајов најавата (заканата?) за доксинг беше причина за затворање на блог, кој за многумина редовни читатели имаше култен статус.
Збирка фотографии од Централниот архив за историја на еврејскиот народ ги документира животите на илјадници жители на Монастир (Битола), испратени во Треблинка во 1943.
Старите филмови во основа не претставуваат свет многу поразличен од нашиот. Освен еден детал - што во нив нема интернет и мобилни телефони. Ама еден француски филм снимен кратко време по Втората светска војна сепак прави и едно вакво предвидување.