Прашањето го поставува сајтот Гизмодо на неколкумина историчари на науката - кои се оние (намерни) извитоперувања на научните факти кои довеле до најголеми последици во последниов половина век, и што е воопшто тоа „измама“ во оваа смисла.
Оваа година нè остави без зборови - велат од Oксфордскиот речник на англискиот јазик, од каде (иронично) предлагаат цел список зборови кои би ни помогнале да го искажеме чувството на неискажливост од годината што изминува.
Од 16 век европските морепловци веќе не можеле да се потпираат на својата меморија на крајбрежните знаци. Отвореното море си барало знаење на астрономија и математика. Дури и неписмените морнари морале да го загреат столчето.
Како мириса Европа? Не во метафорична и политичка смисла, во која некому нештата може да му смрдат. Истражувачи во прв проект од ваков вид ќе ги истражуваат минатите и сегашните ароми на европскиот континент.
Серијата The Crown, не е само парада на скапи тоалети и ентериери, туку е и прилично остра и информативна кога станува збор за историските детали. Помеѓу нив приказната за Нериса и Кетрин Боус-Лајон.
Петар Флорјанчич, словенечкиот изумител кој почина минатата недела на возраст од 101 година, тврдел дека Хичкок би платил големи пари за да ја филмува неговата животна приказна.
Во 1970-тите во Британија постоело Радио 77 на кое можело да се слушне сè: најнови хитови, атрактивни џинглови и ди-џеј кој како да бил роден за радио водител. Но програмата била наменета за најмалубројната публика на светот - единствената слушателка била сопругата на водителот.
Ерол Морис е наградуван режисер на документарци и автор на над 1000 реклами, меѓу кои и за познати брендови како Епл. Но една фотографија од 1855 толку го опседнала што отпатувал на Крим и изнајмил топ за да провери дали е вистинита.
Оваа недела излегоа до сега најоптимистичките вести за развојот на вакцина против коронавирусот, на компанијата Модерна, која покажала изненадувачки 94.5% ефикасност во прелиминарните тестирања. Но еден детал стана главен „зачин“ во целата приказна.
Бруно Јасиенски (1901-1938) бил полски писател-водач на тамошното футуристичко движење меѓу двете светски војни. Неговиот подзаборавен роман „Го горам Париз“ стана повторно актуелен во време на пандемијата. А има и зошто.
Не бил нешто посебно корисен, ниту пак се одржал долго време во историјата на науката. Сепак, има нешто поетско во тоа да се искачиш на Мон Блан за по пат да ги бележиш сите нијанси небесно сина, и на тој начин да го измислиш цијанометарот.
Добро, секој избор нели е некомплетен и субјективен. А и годинава уште не е помината. Но ако ова е начин нејзиниот крај магиски (не научно) да дојде побрзо, тогаш еве список на добрите книги за наука што излегоа во 2020
Се вика Минору Мукаија, и е композитор на „хаша мероди“ или „мелодии за заминување на возови“ - кратки џинглови кои го означуваат расчистувањето на платформите и затворањето на вратите на некои од најпрометните станици во Јапонија.
Меѓу ретките средства кои им стоеле на располагање на жените од „мрачниот“ среден век за развод било да докажат дека нивните сопрузи не се во состојба да ги извршуваат брачните должности. За оваа цел пред црковниот суд биле повикувани сведоци, но и „тестери“ на гениталиите на сиротиот обвинет.
Доктор Семјуел Мaд (Samuel Mudd) поради лекарска етика е осуден за соучесништво во атентатот на Линколн. Но на истиот начин се изборил за слобода неколку години подоцна.
Денес, 14.11., се одржува „помен“ на јутјуб канал кој постоеше точно една година. Рокот на траење му се знаеше уште кога се отвори, а е содржан и во неговото име.
Терминот „клиодинамика“ означува истражување на историјата преку комбинација на дисциплини: културна еволуција, економска историја, макросоциологија и математичко моделирање. „Клиодинамичарите“ најавуваа дека во 2020 ќе биде лошо, ама сега предупредуваат - ќе биде и полошо.
Во речиси секоја дисциплина постои нешто наречено „закон на династии“ - главните фаци во некоја област самите биле ученици или инспирирани од претходна јака фаца. Но понекогаш претходниците или не се познати, или се во сенка на своите наследници.
Доколку сте претплатени на Нетфликс по некое време алгоритамот ви го фаќа вкусот и почнува да ви препорачува филмови слични на оние кои веќе сте ги гледале. Во нашиот случај се појавуваат категории од типот „церебрални“, „мрачни скандинавски“ и „бавногоречки“. Живописноста на описиве се истовремено интересни и непотребни.
Ние едно време кога сакавме некого да откачиме викавме „ај двојче“. Американците користат малку поголема бројка која се појавува од време на време во песни, филмови и во политичкиот жаргон.
Волтер Тевис, по чија книга е снимена истоимената серија на Нетфликс, се коцкал и пиел, пред да се сврти кон шахот. Со оглед на неговата животна приказна, чудо е што книгата воопшто излегла.