Револуционерниот технолошки проект кој довел до првата „вебкам“ започнал (од денешен аспект) во „мрачните денови“ на 1991 кога интернетот бил во зародиш. Се викал „Кафемат кај Тројанската соба“ (Trojan Room Coffee Pot) и се состоел од камера поставена во близина на компјутерската лабораторија на Универзитетот Кембриџ во Британија, наречена „Тројанска“, кој снимал заеднички бокал за филтер кафе. Таму го сместиле Квентин Стафорд-Фрејзер и Пол Јардецки, кои две години подоцна, во 1993, го качиле преносот на интернет, и со тоа ја измислиле првата вебкамера.
Смислата на целиот „проект“ бил да ги поштедат колегите од одење до кафематот и да останат со празни шољи. Оттаму, секој вработен на десктоп компјутерите имал слика во живо на бокалчето и можел да види колку кафе има во него. Ако останело малку, луѓето брзале да си наполнат дур не снема.
За оваа цел била користена црно-бела камера поврзана со локалната мрежа на лабораторијата преку видео картичка. Софтверот се викал XCoffee, а поврзувањето со интернет било направено преку тн. http протокол. Сликите на бокалот се обновувале три пати во минута, но тоа било доволно, затоа што тој и онака се полнел релативно бавно.
Иако програмата била прилично примитивна, по „премиерата“ на кафематот на интернет наследниците на Стафорд-Фрејзер ја искористиле истата основа за преносот да биде прилагоден и на поновата технологија. Така, бокалот продолжиле да го гледаат милиони гледачи пред тој конечно да биде пенизониран, во 2001. Поточно, се работело за четири или пет кафемати кои во меѓувреме се промениле, а последниот бил продаден на и-беј за повеќе од 3000 фунти. Целиот концепт повремено се појавува во видео игрици и серии (како Halt and Catch Fire, за која пишувавме тука), како значаен дел од компјутерската историја.