Offside

Веќе се познати сите екипи кои ќе играат во новата сезона од Лига на шампиони 2026/2027. 36 тима од кои некои ќе бидат дебитанти и за првпат ќе играат во најдобро друштво.

Најголемиот фудбалски патник направил термос со амблеми од сите 34 клуба

За оние кои не слушнале за него, Себастијан Абреу од Уругвај е ветеран, поранешен центарфор на преку 30 клуба во разни страни од светот и репрезентативец на оваа јужно-американска земја.

Навивачите на Хајдук збеснаа поради срамната елиминација

На Пољуд синоќа имаше трето полувреме после бламажата на Хајдук од анонимусите од Малта во кое учествуваа навивачите и полицијата. Има и двајца повредени.

Руни по свое

ДС Јунајтед со 1-4 го згази Синсинати на гости, а еден од головите беше дело на Вејн Руни кој го даде 11-от погодок сезонава во МЛС лигата во САД.

Дечки, го имаме голот на сезоната во Европа

Тотално анонимен клуб Гизра од Малта, направи сензација во квалификациите за Лига Европа, откако после поразот дома 0-2, синоќа го декласираа Хајдук во Сплит со 1-3 и поминаа понатаму. Сплиќаните дури имаа и водство од 1-0 уште од 7-ма минута, ама на крај изгубија и спасуваа глави од бесната Торцида. А два од трите гола за гостите даде Хамед Коне од кои едниот ќе конкурира за најубав на сезоната:

Шутирај од таму колку сакаш

Македонските клубови се посрамотија во квалификациските натпревари за излез во Европа и ниту една екипа од Шкендија, Академија Пандев, Македонија Ѓорче Петров и Шкупи не се избори за второ коло. Сите го попапаа на реваншите. Шкупи на Градски загуби 1:2 од Пјуник. Падна и еврогол.

Еден од најубавите голови на Ривалдо а не се ножичките со Валенсија

Сезонските и регуларните влезници за Ноу Камп во тоа време се продаваа експресно брзо. Сите доаѓаа да го гледаат бразилскиот магионичар.

Професор доктор Зинедин Зидан на ЕП 2000

Него не можеш да не го сакаш или ако не го сакаш, мораш да го почитуваш. Ако Федерер е елеганција во тенисот, Зидан е во фудбалот. И никој, ама никој не може да го копира неговиот стил. Ова е дарба, знаење или интелигенција. Штета што ова уживање со европскиот првак од 2000-та трае само минута и нешто.

Нашиот идол на кого му се поклонуваме

Со ваков талент само да ја остават да игра колку сака, што сака и кога сака. Ако продолжи вака девојчево, за некоја година Олимпиското злато ќе ѝ биде на дланка.

Емотивен статус на девојката која ја спасил Михајловиќ

Легендарниот српски фудбалер и тренер на Болоња изминативе денови доби еден куп поддршка од фудбалскиот свет, но една анонимна девојка посебно допре со пораката до него.

Пријатели, да не се заборавивте малку со рекламата на дресот

Ова би прошло можеби во некоја друга земја, особено во нашиве краишта, ама во Англија регулативите на ФА се толку строги, што дресовите уште не доставени, ќе мора да ги враќаат назад. Назад!

Јуве за Ајакс, Де Лихт и Рајола дава вреќи со пари

Еден од најгласните трансфери летово и официјално се оствари: Јуве објави дека потпиша договор со 19-годишниот стопер на Ајакс Матеијс Де Лихт кој ги чини „ѓавол и пол“ пари.

Јунакот од Зимбабве кој со автостоп поминал повеќе од 10.000 километри за да ја гледа својата селекција

Толку многу сакал да ја гледа својата репрезентација на Африканскиот Куп на нации, што морал да помине преку 10 земји, за да стигне до крајната дестинација - Каиро, Египет каде добил карти за финалето поради неговиот јуначки подвиг.

Не можеш со Златан да садиш краставици

Проба нешто новинаров да го чепне во стил дали сè уште мисли дека е најјак играч во САД, кога друг играч од градскиот ривал имал повееќе голови од него, ама ништо од муабетот. Си се насанка и си призна кој е кој.

Која перверзија е апартманот на Ѓоковиќ во Мајами бич

Се потеше 5 часа за да го освои најпрестижниот тениски турнир во светот, ама кога ќе видите каде ќе се рехабилитира од тој страшен напор и стрес, ќе мислите за Доналд Трамп се работи.

Пригодно видео на Ајакс за збогум со своето дете

Младиот стопер Де Лихт конечно стигна во Јувентус. Ќе игра покрај карпите Бонучи и Киелини од кои може многу да научи. Неговиот довчерашен клуб со кој стигна до историско полуфинале на Лига на шампиони се збогуваше со него.

Пет јазици зборува дебелото

Мино Рајола е вака неугледен и се шета со шорц и маички од по 5 евра, ама многу јака фаца е во светот на фудбалот. Тоа што ние го гледаме како таков, него уво не го боли. Дечкото е полиглота, што му олеснува во преговорите кога ги прави милионите. Роден е во Италија, а има и холандски пасош.

Игуаин vs Роналдо во спринтерски дуел

Малку не е на место насловов, бидејќи глупаво е да ги ставиш во еден ваков дуел, ама еве нека не биде така. Да видиме каков старт има Гонзало, а каков Роналдо на тренинг на Јуве. 

Ги прави најјаките трансфери, а се шета како во Љубаниште

Му го донесе на Јуве Матијас де Лихт за 75 милиони евра, трансфер од кој се пишува дека ќе лапне 11 милиончиња во џеб. Да е само овој јак трансфер. Веќе не се памети на кои сè јаки играчи им е менаџер. Место на таа моќ и пара да се скоцка убаво, тој пристигна во Торино како клошар и ич не му чуе.

Најзабавното од Вимблдон 2019

На страна маратонското финале меѓу двата гладијатори, на Вимблдон имаше доста смеење, страдање од топче, глупирање и кивање (Ник Кирјос), бранови како на фудбал, па дури и сервирање со две топчиња. Ма супер е видеово, сакаме уште.

Исфрустрираниот го прекина молкот

Откако три дена го немаше, сигурно незадоволен, гневен и потиштен што Ноле ја доби 5 часовната епска финална битка на Вимблдон, Ник Кирјос се јави на Инстаграм, ама подобро да не се јавеше. Го попарија со коментари.

Кога ФИФА не ти дава да победиш на плејстејшн

Некои луѓе, одговорот на прашањето зошто одредена група на гејмери нервозно крши џојстици, би требало да го побараат во следново видео подолу:

Додека викаа птичка, им влета омилениот фудбалер на Арсенал

Навивачи на Арсенал во Лос Анџелес прават заедничка фотографија и во еден момент им се уфрлува стандардниот десен бек на „топџиите“, шпанскиот репрезентативец Белерин.

Што е ова, навивачка или воена армија?

Кога ќе речат наоружани навивачи, заборавете на сè што сте виделе досега и погледнете ги овие што поседуваат. Не се ова фотки од втора светска војна, туку од навивачи на Јувентус кои како да се спремаат за трета.

Еден обичен тренинг на Роналдо во Јувентус

Еуфорични по доаѓањата на новите засилувања Де Лихт, Рамзи и Рабио, бјанконерите ги почнаа подготовките за новата сезона. А Роналдо од старт покажа дека летово не кркал ко Азар и Бен Једер.