Најјакиот навивачки швенг ни доаѓа од Полска

Третолигашот Widzew Łódź (веројатно Видзев Лодз на нашки) синоќа во Купот на Полска ја пречека Легија од Варшава. Се држеа на 2:2 до 84-та и потоа загубија, а она што сакаме да ви го покажеме е нивната неверојатна навивачка армија. Какво е ова видео луѓе? Каква е оваа поддршка после пораз?

Сите носат шалчиња, сите ги имаат кренато и сите пеат. Ова е навивачка лекција за верност.

Кој го врти ладното. Третолигашот има поддршка од жени, деца, стари, млади...

31 октомври 2019 - 15:18