Трета фудбалска лига на Полска. Натпревар меѓу Блекитни Старгард и Сувалки. Гостинскиот голман Хиероним Зоч решава на еден слободен удар да излезе во живиот ѕид а негов соиграч ја спасува топката од гол линија.
Од прва делува збунувачки, бидејќи толку неочекувано го искомбинираа ова што нема да сфатите кој од каде влета. Тројца ја изведоа шемата на мајсторски начин. Браво, доктори за правење акција од корнер.
Третолигашот Widzew Łódź (веројатно Видзев Лодз на нашки) синоќа во Купот на Полска ја пречека Легија од Варшава. Се држеа на 2:2 до 84-та и потоа загубија, а она што сакаме да ви го покажеме е нивната неверојатна навивачка армија. Какво е ова видео луѓе? Каква е оваа поддршка после пораз?