Тепачка во НБА на Филаделфија - Минесота

Жоел Ембид и Карл-Ентони Таунс, едниот од Севентисиксерс, другиот од Тимбервулфс, се фатија во третата четвртина, ама среќа сограчите и официјалните лица брзо ги разделија. Долги години се препукуваат во изјави на голема дистанца, а сега малку фалеше да се збоксаат на паркетот. Судијата нормално ги исклучи и двајцата од игра.

Но вечерта во НБА синоќа остана во сенка на тешката повреда на раката на Стеф Кари, еден од најдобрите играчи во лигата. При еден пад, врз Кари со цела снага падна противнички играч и му ја скршил раката поради што Стеф неколку месеци ќе отсуствува од паркетот.

Ова е сериозен удар за Голден Стејт кој летово остана без Кевин Дурент, на подолго време е повреден Клеј Томпсон а сега со неколку порази во серија стигна и повреда на играчот број 1 во последните сезони.