Едно од нив, наместо уредно да му ја даде топката на голманот на Вардар, за што е и ангажиран од домашниот клуб, тој зема да си игра мајтап со него, како да се наоѓа на маалски собир со другарите.
На Гачевски нормално му дојде преку такво и му се стрча. Потоа настанаа гужвите по кои нели Гача е крив, а не малиот, кој чисто се сомневаме дека некој ќе го санкционира за потегот.
Да било само тоа. Стратегот на Вардарци гневен, ги напиша и другите проблеми со кои се соочиле на гостувањето, ама на кој да му кажеш кога се знае дека Шкендија и нивните навивачи се заштитени мечки.
Плус дел се од македонската прва лига, преку неа излегуваат во Европа, ама упорно и упорно тераат анти македонска политика.
Како може клуб кој се натпреварува во македонско првенство да ја информира јавноста и медиумите преку сајт кој го води само на албански и англиски јазик? Кое ви е ова самоволие со години?
А ова со камењава па стварно е метод од камено време. Сме го гледале и на Градски, ама сме виделе и како на тие што гаѓаат, инстантно им влетуваат џандари и ги носат во станица.