Offside

Очекувањата биле да достигне цена од 10 милиони, колку беше продаден дресот.

Дилајла е дилајла и 25 години подоцна

Сите мислеле кога ќе го смени дресот со одело дека ќе се смени, ќе се смири, ќе биде поуљуден. Ама јок. Си тера по свое до ден-денес. Диего Армандо Марадона на денешен ден пред 25 години станал тренер на Расинг во Аргентина. Еве како поминал неговиот прв натпревар.

Па што ви е гајле ако сте од иста

Фудбалерите на Кардиф се фрустрирани зошто со сигурност уште една сезона ќе си чмаат во Чемпионшип и останаа скоро без шанси за плејоф за Премиер лига. Синоќа изгубија од некогашниот европски првак Нотингем Форест кој многу е сериозен во намерата да се врати во Премиер после многу години па Калум Пaтерсон и Леонардо Бакуња се спречкаа.

На Баерн му е комфорно во Лондон, на последните 3 меча дадоа 15 гола

Клубовите од главниот град на Англија во иднина ќе се молат на ждрепка да бидат што подалеку од германскиот гигант, зошто кога и да им дојде на гости им прави рушвајс.

Со два потези може како господин да излезе од терен

Ги направи мајмуни толку едноставно и префинето што комотно има право да бара измена од тренерот. Не мора да игра веќе овој Луиз Фернандо Нашименто од Атланта Јунајтед од американскиот МЛС после ова против Монтагва.

Само Наполитанците вака ја грмат химната на ЛШ

Кога Наполи игра во Лига на шампиони, фанатичната наполитанска публика традиционално на секој меч го вади овој магичен звук на крајот од незаменливата хумна на ЛШ: Знаеме дека ви е познато, ама не се пропушта. 

Баварците го суредија Челси во Лондон, на Сан Паоло немаше победник

Белгискиот репрезентативец Дрис Мертенс постигна голчиште против Барселона со кое го стигна Хамшик на листата најдобри стрелци во историјата на Наполи. Возврати Гризман кој и донесе на Барса поволен резултат пред реваншот. Челси е со една нога во аут.

Махер на колото за 380.000 денари

Махерот одбрал 4 утакмици, ама ги уплатил 4 пати во 3 различни кладилници. Доста фина добивка нема збор, ама и уплатата не е наивна. 100че ставил, не такво какво што мислите.

Судија бркан со џип на сред терен во Африка

Ние сме мислеле дека во балканските трети лиги има сè и сешто на фудбалски терени, ама во Јужна Африка се дефинитивно полуди. Некој цреп бил изиритиран од судиски одлуки, па решил да го брка со џип по цел терен.

Навивачите на Звезда го стишаа гостинскиот сектор со врвен штос

Можеби на прва звучи нелогично за да ти успее тоа, ама навивачите од Белград имаа идеја и сценарио. Поставија звучници до гостинскиот сектор во кој беа сместени навивачите на Војводина и секогаш кога ќе пуштеа глас за да скандираат, им рокаа една многу славна најавна шпица од цртан филм. Какви цареви.

Не смеам да се радувам, ќе ме здробат од ќотек

Обично снимките кои излегуваат со турски хард кор навивачи се како боксуваат телевизори, кршат столици и удираат во врати и ѕидови. Ова е откачено на друг начин. Фенербахче загуби дома од најголемиот ривал Галатасарај после 20 години и гостинов со сиот памет се измешал меѓу домашните навивачи.

Всичко е лудо

Квалификациите за Европско 2021 се голем циркус. Веќе одамна е познато дека поради сериозниот конфликт меѓу ФИБА и Евролига, најдобрите кошаркари на многу репрезентации не можат да играат за своите селекции во термините предвидени за квалификации, па обично играат некои третокласни играчи.

Излегуваш во диско и музика ти пушта Џибрил Сисе

Пред него мразот го проби Гаизка Мендиета, легендата на Валенсија кој по крајот на кариерата реши да стане ди-џеј. Французинот кој се прослави во Ливерпул, веќе неколку години хара по светските дискотеки. Додека пушта музика му носат дресови со маркер да им се потпише.

33.643 ружи во Стејплс центар за секој поен на Коби

Комеморацијата се одржа синоќа на 24.2.20 затоа што така сакаше Ванеса која ја објасни симболиката на датумот. Меѓу говорниците беше и таа, како и Џордан и Шек. Настанот го водеше Џими Кимел. Настап имаа Бијонсе и Кристина Агилера.

Халанд има идол кој ретко кој го памети, а растури во Премиер лига

Норвежанецот Ерлинг Халанд е најголемо откритие на сезоната. Интересен е за медиумите како нова ѕвезда на светскиот фудбал, па го прашаа да раскаже и за својот идол од детството. А он ги збуни со одговорот.

Најдолгото задржување време на корнер

Јужна Африка веројатно е рекордер во задржување време на корнер. Играчите стоеа демек ќе изведуваат, се менуваа и на крај судијата мораше да почне со делење на жолти картони. 2 минути траеше сагата.

И прволигашкиот фудбал во Танзанија е на фино ниво

Уште не може да ги средиме впечатоците од генијалниот начин на кој фудбалер од Академија Пандев спречи контра во Ѓорче и ете ти нова јака епизода од сличен калибар. Бетер е оваа.

Освен во Ѓорче, смешка имало и во Кратово

Додека комичниот момент од мечот Македонија Ѓорче Петров - Академија Пандев вирално се коментира и споделува, свое право на медиумски простор побара и еден момент од мечот во Кратово меѓу Силекс и Шкендија. Царот се збуни од претходно нацртана аут линија па тргна да изведува од таму.

Каква бомба во 87' минута можеби вредна титула

Во неделата Порто ја продолжи жестоката борба за титулата против Бенфика, откако со страшен гол на Алекс Телеш во 88' минута од мечот со Портимоненсе се одлепи 2 бода на Бенфика (има меч помалку) на врвот на табелата. Бенфика долго време беше прва, ама врза два порази и толку требаше Порто да ги стигне.

Ова ако не е црвен, не знам што е?

Ама не е важно што се работи за трета германска лига, правила си се правила. Ова е чист црвен картон за знаменцето, без размислување. Како може сам да паднам вака? Ме откина.

Мислите само во мак фудбал се игра со две топки?

Стефан може да здивне малку, бидејќи не е единствен во глупоста со која се прослави и себе и Академија Пандев и нашиот кутар фудбал. И во турската прва лига имало ист таков бисер, а го направил Холанѓанецот Рајан Донк како играч на Касимпаша на меч против Бешикташ во 2013-та.

Турскиот голман-пајак кој го бара пола Европа

Турскиот елитен фудбал ја игра можеби најнеизвесната сезона откако постои. Пет-шест клуба се борат за титулата. Првопласираните три екипи имаат ист број на бодови. Викендов се одиграа две дерби средби, стадионите крцаат во цела земја. Галата го победи Фенербахче на гости после цели 20 години, а Трабзонспор оддолеа кај Бешикташ (2:2) само благодарение на лудиот голман Угурчан Чакир (23 години има).

Преварантот од Академија Пандев е топ тема

Тоа дека ќе не има во регионот се знаеше, него јакото е што за “професионализмот“ во македонскиот фудбал се зборува и пошироко, плус јасно им е и дека се работи за клубот на Горан Пандев. Срамотилаци.

Беше еднаш еден Хаџи

Георге Хаџи, Романецот кој ја имаше една од најдобрите фудбалски левици во историјата на фудбалот. Се прослави во Барселона и репрезентацијата на Романија на Светското првенство 1994-та во САД. Денес е сопственик и тренер на романскиот прволигаш Виторул Констанца а во неговиот син Јанис доби прав наследник на теренот.