30 години од култниот гол на Роже Мила против Игита
Камерун стана најголемо изненадување на легендарното Светско првенство Италија 1990, откако во продолженијата ја победија Колумбија со 2-1 (сите три гола паднаа во продолженија). Камерунците станаа и првата африканска селекција која стигнала до 1/4 финале на Мундијал. И тоа благодарение на најдобриот стрелец на првенството во тој момент Роже Мила.