Адрија Тур дефинитивно е големо промашување за Новак Ѓоковиќ како организатор, сите кои му помогнаа да го организира и се разбира оние кои му дозволиле воопшто да се одржи и тоа со публика, а тоа се српските и хрватските власти.
Сè е тоа убаво што турнирот беше хуманитарен и имаше за цел да помогне на одредени луѓе, но проблемот е што се одржа во сред пандемија која е далеку од завршена и на кој се појавија нови заразени онаму каде што се одржа, односно во Белград и Задар.
„Многу им е жал за секој случај на заразени лица од нашиот турнир. Се надевам дека бројот на заразени нема да се зголеми и дека нема да се компликува здравствената состојба на сите заболени. Ќе останам во самоизолација во следните 14 дена, а за пет дена повторно ќе бидам тестиран“
„Ова беше хуманитарен турнир, со желба да им помогнеме на тенисерите од регионот, да играат, да остварат приходи и на тој начин да го минат овој тежок период. Во исто време, сакавме да испратиме пораки на солидарност и фер плеј, желба ни беше да помогнеме на хуманитарните фондации и на сите оние на кои помошта им е најпотребна. Целата организација ја вршевме во периодот во кој се веруваше дека вирусот слабее и дека постојат услови за одржување на турнирот“, изјави Ѓоковиќ.
Меѓу ново заболените од турнирот е и Виктор Троицки, a вчера беше потврдено дека се позитивни Григор Димитров, Борна Чориќ кој му беше противник, кондициониот тренер на Ѓоковиќ, Марко Паники и тренерот на Димитров Кристијан Грох.
Познати странски медиуми го критикуваат српскиот тенисер поради организирањето на турнирот, а „Лекип“ објави карикатура од него и напиша „Кој сака да се гушнеме“.