Организирајте уште една Адрија Тур, не фаќа вирусот на тенис

Нема спорт кој не беше стопиран откако почна да се шири. Европско се одложи, потоа Олимијада како планетарен собир, Британците Вимблдон го одложија, традиција стара 140 години. Ама нема ова Балканов е посебно поднебје, а тврдоглав до крај остана и Новак.

Адрија Тур им се врати како бумеранг на сите сивоњи кои решија дека во сред пандемија во која за сега има 9 милиони заболени и 470.000 жртви, треба да играат тенис.

Зошто беше толку важно да го одиграат овој хуманитарен турнир од кој може да произлезат нови жртви, во време кога постои светска здравствена криза поради која се одложија најголемите и најславни спортски настани?

Првичните резултати од оваа своеглавост не се добри. За почеток заразени се бугарскиот тенисер Григор Димитров, Борна Чориќ кој му беше противник, кондициониот тренер на Ѓоковиќ, Марко Паники и тренерот на Димитров Кристијан Грох.

Инаку Димитров не го доигра мечот против Чориќ поради тоа што качил температура, а претпоставките се дека веројатно знаел што е муабетот, бидејќи на крај решил да се поздрави со тупаница.

За сега нема информации како Димитров се заразил, но мала е веројатноста дека овие ќе останат единствените четворица заразени од турнирот.

Тој имаше контакт со многу луѓе во Белград, меѓу кои и со Новак Ѓоковиќ кој одбил да се тестира во Загреб и решил тоа да го стори во својата земја, а голем проблем претставува оваа фотографија од Задар каде потоа продолжи турнирот, организиран во два града.

На неа се Димитров заедно со Ѓоковиќ, Чориќ и Зверев кои се дружеле со децата и сега кризниот штаб во Задар повикува сите што биле во контакт со бугарскиот тенисер да се јават на дежурните телефонски повици. Најголема загриженост сигурно сега ја имаат родителите на децава.

Меѓу присутните на турнирот биле и премиерот на Хрватска, Андре Пленковиќ и екс претседателката, Колинда Грабар Китаровиќ. Пленковиќ дури имал разговор и со Новак Ѓоковиќ и Марин Чилиќ, а во непосредна близина била и Колинда.

Колегите на организаторот Ѓоковиќ со потсмев твитаа за турнирот организиран во тотално погрешно време на кој крцаа трибините.

Инаку не се дружеа само на терен

Да не ве интересира и каков е резултатот од дербито Звезда - Партизан, инаку одиграно пред 20.000 публика?

пар 

22 јуни 2020 - 11:12