
Ристевски излезе јунак на колото во унгарскиот фудбалски шампионат откако ја реши средбата Ујпешт - Залаегерзег во 94-та минута за конечни 2:1.
Домаќините изведоа слободен удар, а последната шанса Кире ја претвори во гол откако втрча на втора статива и со волеј ја збрца за делириум на трибините.
Стоперот на македонската репрезентација и донесе многу важна победа на својата екипа во борбата за опстанок, бидејќи сега Ујпешт избега 5 бода од зоната за испаѓање.
За него ова е втор гол сезоната по враќањето на фудбалот. Беше стрелец и против Дебрецин пред две недели.