Offside

Елиот Андерсон од Нотингем Форест е ново лице во репрезентацијата на Англија и летово најбараниот играч на пазарот. Манчестер Сити победи во трката за неговиот потпис и договори негов трансфер. Целата сума изнесува 116 милиони фунти со што Андерсон станува еден од најскапите играчи на светот, а најскап англиски фудбалер.

Како во Шкотска навивачи го спасија својот клуб

Шкотскиот Партик Тисл од тамошниот Чемпионшип (втора лига) сезоната 2019/2020 ќе ја памети уште долго и тоа по добро и по лошо.

Ладнокрвно и мајсторски од Де Брујн на 19 години

Пред да стане ѕвезда во Бундес и Премиер лига, Белгиецот играше за Генк, каде ја почна кариерата во 2008-ма. На меч против Гент, вака си поигра при еден корнер.

Во 1986-та судија му дал гол на Бешикташ и му земал бод вреден титула

Во сезоната 1986/1987 борбата за титулата во Турција била како и речиси секоја година - жестока. Шампион станал Галатасарај со 54 бода, а Бешикташ имал 1 бод помалку.

Големиот успех на Југославија на СП 1990, која за влакно не ја скроти и Аргентина

Ви го раскажавме патот на легендарните избраници на Ивица Осим до Мундијалот во Италија, каде стигнаа убедливо како први во група и тоа без пораз. Сега ќе се потсетиме како минаа на тој голем и последен нивен таков собир на кој шампион стана Германија.

Тер Штеген ли е, Штербик ли е?

Па не е нормална оваа одбрана која чуварот на голот на Барселона ја направи на полуфиналето од ЛШ против Баерн пред 5 години. Никој не му фатил ваков шут на Левандовски од толку блиску. Плус после одбраната, топката речиси беше влезена во гол.

Кој спорт и кои лиги (не) се враќаат на сцена?

Како што стојат работите, до денешен ден официјален старт има закажано само германската Бундеслига (прва и втора). Останатите топ европски лиги ќе почекаат најверојатно до почеток или средина на јуни. Уште понејасна слика е во кошарката каде НБА и Евролига не соопштија никаков план.

Генијално интервју на велешанец за бугарски медиуми

Прашање: Кажете ни нешто за вашата кариера како фудбалер? Одговор: Многу сакам да играм за Левски Софија. Прашање: Како слободен агент дојде? Одговор: Играв за Борец од Велес, така ли? Прашање: Дали на фри трансфер? Одговор: А убаво е да, добро, супер е.

Фудбалот ни фали, ама и гласот на Златко

Веќе два месеци кукаме за фудбал, ама поминаа три години откако поетот од коментаторското столче, се одлепи засекогаш од микрофонот со кој 42 години царуваше во спортскиот етер. Во стил на шаховски мајстор ја водеше публиката во преку 2.100 преноси во разни спортови.

Реџо Калабрија и Реџина и после 30 години го памтат овој гол

Еден од најлегендарните моменти од клупската историја на Реџина (ви текнува на некогашниот прволигаш во Серија А од јужниот град на 'штиклата'), е еден пенал од Рикардо Пачоко, изведен на денешен ден во 1990-та година. Играле Реџина - Триестина (2-1) и Пачоко постигнал гол од пенал со рабона.

Знаете ли за јарецот кој традиционално го отвора секој натпревар на Келн?

Традиција долга речиси 7 децении и една од понеобичните во европскиот фудбал воопшто. Таква приврзаност меѓу навивачи и една жива маскота скоро и да нема никаде на друго место.

Што е тоа баклава тактика?

Не е на одмет малку босански хумор со Изет Фазлиновиќ кој откри нови генијални тактики. Прво имаш ваква: Кога ќе установиме која е наш, а кој нивен гол, тактикава се состои во тоа да дадеме што е можно повеќе голови во нивниот, а што помалку во нашиот гол. Без зборови ги остави.

Липи ќе ви каже кои фудбалери ги затвораа дискотеките

Гостинот прашува на што се основа блискоста на Бобо и Пипо, на заедничката страст кон жените или? Бобо: Се познаваме веќе 6-7 години и заедно израснавме во Италија У 21. Така станавме пријатели, плус генерација сме и во прва прилика ќе се видиме надвор од терен.

Кога Македонија ја газеше Грција на Европското во кошарка

Голема затоа што беше на Европско, неочекувана затоа што нив ги сметаа за фаворити, важна затоа што ни ги отвори вратите кон втора рунда и најслатка затоа што беше против Грција. Борче Мекејлеб ги потепа.

Џеј Рамадановски грми на тренинг на Денвер Нагетс

Според ЕСПН, три НБА франшизи кои ги продолжиле тренинзите се Денвер Нагетс, Портланд Трејлбејзерс и Кливленд Кавс. Кај првиве на тренинг за расположение е задолжена „Угасила си ме“ од Џеј, пуштена од Никола Јокиќ.

Пандев: Прошталниот натпревар си го замислувам со полн стадион

Има скоро 37 години, ама не може без фудбал и едвај чека да се врати на терен за да ја спаси Џенова од испаѓање. Горан е дома со трите деца, тренира, донира, но му недостига вистински тренинг со колегите. Размислува за повлекување годинава, но нема донесено конечна одлука.

Ван дер Сар до 19 години бранел за аматерски тим, Ван Гал го нашол по една партија карти

На најпознатиот холандски голман на сите времиња судбината добро му ги наместила коцките. Случајно или не, тој во трофејниот клуб доаѓа по едно картање во кое бил инволвиран легендарниот Ван Гал.

Еднаш Роналдо го маскираа и дриблаше на сред плоштад во Мадрид

Настанов имаше неколку јаки моменти. Прво што Кристијано комотно жонглираше и дриблаше маскиран пред преполн плоштад во Мадрид, второ што на една девојка ѝ побара број а таа го одби, трето малиот што збунето го гледаше додека ја вадеше периката и четврто толпата која се собра за помалку од 10 секунди.

Неверојатната работа со нозе на Тити

Ако тргнете да му ги гледате личните признанија кои ги доби во кариерата, ќе треба побајаги да скролате надолу со маусот. Една од неговите поинтересни карактеристики која го направи најдобар играч во Европа во еден момент беше вештината со скоро метро и 90 да дрибла како Меси.

Судија вратен од карантин

Веројатно нема до волку да излезат од штос а?

И официјално нема Премиер лига пред 1-ви јуни

Никаков професионален спорт, ниту пред затворени гледалишта нема да има во Англија најрано до 1-ви јуни, објави британската Влада.

На Енфилд уште го имитираат најславниот корнер

Помина една година, а како вчера да беше тоа полуфинале на Ливерпул кој ја попари Барса со 4:0 и тоа после пораз од 3:0 на Камп Ноу. Трент Александер Арнолд остави легендарен печат со тој неочекуван потег вреден финале.

Зошто Хорначек пред секое слободно фрлање си го чешкаше образот?

Кој пратеше НБА во 90-те, многу добро се сеќава на славното трио на Јута Џез составено од Карл Мелоун, Џон Стоктон и Џеф Хорначек. Третиот беше смешен лик, а имаше и смешна и мистериозна рутина на изведување слободни фрлања.

Необичната сторија за Индијанецот на логото на белгиски Гент

На Белгија нè асоцираат неколку работи, но интересна е приказната за логото/грбот на познатиот фудбалски клуб Гент кој се решил за автохтон жител на Северна Америка, со препознатливи перја на главата.

Понижување во сала со Фалкао

Добро како да му одиграш еден на еден и да му ја одбраниш, кога ти прави финта која на репетиција не се сфаќа од прва, а не па да си му карши карши.