Снимкава е тазе објавена на ФБ страната „Живот за Звезду“. Тврдат дека до сега ја немало во етер, а и да не е така како беше она „Али то није разлог да не попијемо“.
Во видеото ќе ја видите неизмерно големата радост на најголемите фудбалски мангупи во Југославија кои се искачија и на европскиот и на светскиот покрив. Покажаа дека секого можат да победат, па дури и еден Баерн Минхен кој го елиминираа во двомечот по кој се пласираа во финалето против Марсеј.
Во Баерн предводен од Јуп Хајнкес со кој освоија ЛШ во 2013-та, тогаш играа легенди како Јирген Колер, Клаус Аугенталер кој им беше капитен, Штефан Ефенберг кој потоа го загуби она славно финале од Манчестер 1999-та, а го освои во 2001-ва, Кристијан Циге, славниот Данец Брајан Лаудруп...
Но Ѕвезда го имаше незаменливиот спој Панчев, Најдоски, Дејо Савичевиќ, Просинечки, Михајловиќ, Шабанаџовиќ, Белодедиќ...
Најславната ју генерација се пласираше во финале на драматичен начин. Прво таму славеа 1:2 со головите на Панчев и Савичевиќ, а дома одиграа 2:2.
По голот на Синиша од слободен удар, Германците дадоа три од кои еден во својата мрежа и тоа во 90-та минута. Михајловиќ нафрли, а Аугенталер несреќно го лобуваше голманот за целосен делириум на Маракана.
Немаа крај од гушкање и бацување во соблекувална, а за среќниот автогол Панчев зборува пред камера на 4:00.
Потсетување и на головите.