Дербито Работнички - МЗТ кое го добија домаќините со 94:90 мина во знакот на Горан Костадиновски кој почина минатата недела на 51 година.
Во чест на ценетиот лик на македонската тифо сцена, кој беше еден од основачите на Комити и Сити Парк Бојс, мечот прво почна со едноминутно молчење, а потоа неколку навивачи на Работнички извадија транспаренти кои ги напиша токму Гокси:
„Песни стихови, цели фермани… ноќи неспани за Работнички… Почивај во мир, Гокси“.