Во англиската Премиер лига сонуваа дека ќе се вратат во нормален живот до Нова година, но вториот (или третиот веќе којзнае) бран на пандемијата им ги уништи плановите.
Сега е очигледно дека ситуацијата со фудбалскиот живот нема да се врати во нормала набрзо. Ако остатокот од сезоната се игра без гледачи како што е сега, англиските клубови би можеле да останат без околу 500 милиони фунти заработка.
Едно од прашањата кое се поставува за да се оживеат стадионите е ефективна вакцина. Друго, точни експресно брзи тестови. И ако првото е јавен проблем (СЗО уште не одобрила ниту еден препарат), што е со второто?
Идеални би биле тестови кои за неколку секунди ќе покажат дури и асимптоматски носители на вирусот со цел да се изолираат од околината, например при влез на стадион.
Некои методи на дијагностика веќе се користат во Тотенхем. Да одиме по ред.
ПЦР ТЕСТ - Е СÈ УШТЕ ГЛАВЕН МЕТОД ЗА ДИЈАГНОЗА ЗАТОА ШТО ПОВЕЌЕТО ЕКСПРЕС ТЕСТОВИ СЕ НЕТОЧНИ ЗА РАНИОТ СТАДИУМ
На речиси сите фудбалери во светот, макар еднаш неделно им земаат брис од нос или грло и во лабораторија ги тестираат на вирусот.
ПЦР тестот претполага поточен резултат (тоа е и единствена стандаризирана варијанта на тест кој се користи секаде во светот), но има и некои минуси. За резултатите треба да се чека по 12 и повеќе часа, некогаш 3 дена или повеќе. Во такви ситуации не може да имат чиста зона на стадионите ниту за фудбалерите кои претходно би биле негативни.
Уште еден минус на ПЦР тестот е цената. Дали секој навивач ќе може да си дозволи пред секое одење на фудбал, за тест да потроши најмалку колку за две карти за мечот. Освен тоа во раните стадиуми ПЦР тестот може да покаже и лажно-негативен резултат, според истражувањата.
КАКВИ СЕ ЕКСПРЕС ТЕСТОВИТЕ НА ТОТЕНХЕМ?
Сопственикот на клубот, богатиот Даниел Леви многу сака Тотенхем да игра пред своите навивачи, па дури и прв побара од челниците на лигата пред стартот на новата сезона, да се вратат гледачите на трибини. Но не му овозможија.
Паралелно во Тотенхем тестираат методи кои практично би можеле да го спасат фудбалот.
Како што пишува The Athletic, Спарс земале на проба нови експрес-тестови од израелска компанија NanoScent (претседателот Леви има еврејско потело). Овие тестови ви даваат резултати за само 30 секунди! Принципот на работа е како кај алко-тестер: човек дува во трубичка, а електронски сензор јавува вирус во честички од воздухот или не јавува.
Орен Гавриели, извршен директор на компанијата објаснува подетално:
„Од биолошка точка на гледање,п разни вируси се развиваат во разни места. Коронавирусот се развива во носот. И доколку се развие таму, ќе го смени дишењето од нос“.
Според раководителите на оваа компанија, нивниот прибор го распознава патернот на коронавирус и лесно го детектира. Според професорот Гил Регев Јохај, во недостиг на масовна вакцинација, масовното тестирање е најважно нешто.
„Технологијата на стартап се испостави многу поефикасна отколку што очекувавме во рана фаза на тестирање. Многу е чувствителен (тестот) и тоа значи дека може да го користиме во сите места, нема да пропушти ниеден показен сигнал“.
Инаку овие брзи израелски тестови се со максимално едноставен интерфејс со цел со нив да може да ракуваат и најобичните редари на стадионите, не само лекарите.
„Ние сите сакаме што поскоро враќање на на тоа што го сакаме. Можноста брзо да се добијат сигурни резултати може да ни помогне да го поминеме долгиот пат на враќање кон нормалноста, во определен степен, дали е тоа водење бизнис или одење на натпревар на омилениот фудбалски клуб“, вели Џон Којт, директор на оделот за дизајн-иновации на компанијата Edenspiekermann која работи со Израелците.
Компанијата NanoScent веќе спровела експериментални рунди на тестирање со експресните тестови - провериле повеќе од 1.000 луѓе. Точноста на овие тестови изнесува 85% што е помалку од тестирањето кое англиската Премиер лига го договори со лабораторијата Prenetics (98,8% точност).
Но резултатите кај нив треба да се чекаат неколку часови или повеќе денови, па во тоа лежи разликата. Премиер лигата е заинтересирана за експериментот на Тотенхем и внимателно ги следи испитувањата.
Клубот јавно не се откажал од актуелните тестови на Премиер лигата, а сега се чека одговор на прашањето колку се полезни експрес тестовите.