Не беа само американските избори будно следени синоќа и утрово во целиот свет. За Аргентина и пред се за Неапол претходните часови беа немирни зошто се чекаше исходот на операцијата на Диего Армандо Марадона.
Марадона е успешно опериран на мозокот на клиниката Оливос во Буенос Аирес каде се собрале стотици негови навивачи и новинари. На клиниката биле и неговите три ќерки Далма, Јанина и Јана, како и некогашната негова придружничка, Вероника Охеда.
Операцијата била кратка, почнала околу 1 часот после полноќ по Средноевропско време (21 часот во Аргентина) и тралеа 1 час и 20 минути.
„Хематомот е успешно остранет. Диего многу добро ја издржи операцијата, се разбуди добро активен. Ќе остане под опсервација, има мала дренажа која ќе му ја тргнеме во среда. Време на опоравок? Па зависи од неговиот развој. Но многу добро почна да закрепнува“, рекол доктор Леополд Луке.
Најголемата легенда во светскиот фудбал кој работи како тренер на Химнасиа Ла Плата, бил донесен во болница во понеделникот поради лоша состојба. Прво не можел да ја поместува левата рака и му требала помош за движење, поради што од клиниката Ипенса во Ла Плата го префрлиле со авион до главниот град каде го сместиле на една клиника.
Dr Luque has confirmed that Maradona's surgery is complete. It lasted around one hour and 20 mins & Diego is doing well
— GOLAZO (@golazoargentino) November 4, 2020
Дијагностициран му бил субдурален хематом кој се остранува со рутински зафат.
Субдурален хематом се создава при насобирање и излевање на крв во внатрешноста на черепот, поточно во субдуралниот простор. Во најголем дел случаи се јавува после силен удар во главата.
Но најголемиот спортски медиум во Аргентиина, Ole' пишува дека имале пристап до медицинскиот извештај и објавиле инсајдер: веројатна причина за јавување хематом кај Диего е злоупотреба на алкохол.
Диего на 30. октомври му беше роденден и доби честитки од сите страни на светот.