Три години е во Италија а збор не научи италијански

Пасквале Бруно важи за еден од најгрубите фудбалери кој играл во Италија. Со Јувентус освоил Куп на УЕФА и Куп на Италија,со Торино Куп на УЕФА, играл уште и за неколку италијански клубови, па патот го носи во соодветната за него Британија. За Кристијано вели дека е игнорант кој цели 3 години не кажал збор на италијански.

„Мислам дека е една игнорантна личност, ако можам така да кажам. -Кој? Роналдо? Не, не!, му враќаат коментаторот и гостите во студиото а Бруно образложува:

„Некој што доаѓа во Италија и после 3 години не знае да збори италијански... Тоа е недостиг на почит кон сите Италијанци. Прво нешто што јас го направив кога отидов во Шкотска, научив англиски. Тоа е еден вид почит кон нив, зошто требаше да тренирам со нив и не сакав 25 играчи да треба да зборуваат италијански. Значи јас се прилагодив на нив. Тој (Роналдо) греши. После три години мора да зборуваш италијански.

 

4 ноември 2020 - 15:40