Пола ПСЖ заглавен 1 час во лифт во Германија

На само неколку часа пред мечот со Лајпциг во Германија, левиот бек на Парижаните, Левен Курзава на стори објави видео на кое се гледа како скоро пола екипа се заглавила во лифт во хотелот во Германија. Чекале повеќе од 1 час да ги одглават службите. Најмногу се исплашил Марко Верати.

Во лифтот наводно биле Кимпембе, Паредес, Анхел Ди Марија, Маркињос, Фадика, Лахат Диало, Гај, Моизе Кин, Дагба, Кајс Руиз, Атил.

Курзава во еден момент ги прашува: „Во ред ли е?“, од лифтот му одговараат: „Не е!“. Па ги прашува: „А кој е внатре“, на што во мајтап му одговараат:  „Нејмар, Мбапе...“

 

4 ноември 2020 - 12:18