Offside

Репрезентацијата на Норвешка го совлада Брегот на Слонова Коска со 2-1 благодарение на прекрасниот гол на Нуса и погодокот на Халанд. Скандинавците на 5-ти јуни ќе се судрат со големиот Бразил.

Барди им го испи мозокот на двајца па го матираше голманот

Фудбалерите на Леванте го совладаа Еспањол на гости 1:3 и остварија многу важен триумф во борбата за опстанок. За играч на мечот беше прогласен Енис Барди кој го постигна голот на колото за водство од 1:2. Со ролинг измести двајца, а Ла Лига го опиша македонскиот репрезентативец со еден моќен збор.

Мечот за кој се зборува во Русија, клинци против сениори

Хит во Русија во петокот беше дуелот меѓу Сочи и Ростов. Гостинот пред неколку дена имал 6 играчи позитивни на коронавирус, па сите комплет со се тренери биле пратени во изолација но клубот решил да играат клинци.

Една од најјаките асистенции во НБА е дело на Пеѓа Стојаковиќ

Уф какви НБА времиња беа ова кога не спиеме за блескавите момци на Сакраменто во 2002-ра. Имаа страшен тим составен од Владе Дивац, Пеџа Стојаковиќ, Крис Вебер, Мајк Биби, Хидо Туркоглу, Боби Џексон, Даг Кристи, Скот Полард...Кингси очекувано ја повлегоа 16-та на легендарниот Пеџа.

Документарец за Ален Бокшиќ во кој зборува и Пандев

Го опишуваат како играч со тело на војник, а со две нозе како балерина. Но страшниот потенцијал кој го имаше не го искористи целосно, сметаат неговите поранешни колеги од Лацио кои за него зборуваат во суперлативи. Му фалело константност и поради повредите кои го мачеле.

Кога зад грб ќе те нападне ураганот Џејмс

Пред четири години Кливленд во НБА финалето го совлада Голден Стејт со 4:3, а токму на денешен ден се одигра седмиот решавачки натпревар. Да, тоа изгледаше на сигурна контра два на еден, ама со Леброн никогаш не си на сигурно.

Импресии на американски кошаркари за салата Градски парк

Работнички во ноември 2018-та одигра пријателски натпревар со колеџ екипа од јуниорската Џеј-Би-Еј лига на кој победија со 127:122. Година и пол подоцна гостите раскажуваат за искуството во соблекувалната во која им мирисало на леш, влага и пајаци.

Шампионката во уметничко лизгање која снима порно филмови

Најверните следбеници на уметничкото лизгање кои го следеле овој спорт и во 2000-те години, сигурно ја паметат Мелиса Буланхаги, американска лизгачка со филипински корени.

Има Рони да ви каже нешто за мал фудбал

Во периодот на самоизолација, меѓу себе на Инстаграм разговараа двајца генијалци, двајца страшни техничари - Роналдо и Фалкао (футсал). Зборат за полезноста од мал фудбал а Рони кажува дека играњето на мал простор во сала многу му помогнало во кариерата.

Левицата на Михајловиќ е вечна

14 години како се повлече, леукемија победи и ништо од тоа не му влијае во неговата специјалност за изведување слободни удари. Погледнете како лабаво го шета голманот и колку лесно ги пика во агол. Да не знае човек ќе помисли ова е Синиша на 31, а не на 51 година.

Елегантниот соло продор на Баџо на СП 1990

Него не можеш да не го сакаш, бидејќи ќе остане еден од симболите на италијанскиот фудбал. На денешен ден на Мундијалот пред 30 години на нивни терен, Италија ја пречека Чехословачка, а Роберто Баџо ја надигра одбраната, како фудбалот да е најлесна работа во свет. Олимпико во транс.

Што ли би правеле да освојат Скудето?

Главниот град на југот од Италија е симбол за страст, пасија, јужнњачка крв и љубов кон единствениот клуб од градот. Откако го клекнаа Јуве на колена, малку фалеше Везув да се активира.

Мајсторлукот на Бензема

Реал Мадрид со 3-0 убедливо ја победи Валенсија и ја продолжи трката за титулата со Барселона. На гостите од „Местаља“ во првиот дел им беше поништен гол при резултат 0-0, а после Бензема и Асенсио ги докрајчија. Овој првиот даде преубав гол, а вториот после прв контакт со топка откако влезе во игра.

Можеш до утре да си ѕвезда, казнет си 50.000 фунти и еден меч неиграње

Прес конференцијата на Жозе Мурињо преку видео-повик со новинарите во Лондон уште еднаш наврати на темата за случајот со Деле Али, фудбалерот кој ќе го пропушти големото дерби против Манчестер Јунајтед во петок поради глупост.

Податок според кој Меси е два пати подобар од Роналдо

Оваа тема е вечен предмет на убедување и така ќе остане и кога ќе одат во пензија, а вистината е дека и двајцата веќе оставија бројки за кои ќе бидат потребни децении за некој да ги стигне. Овие што ќе ги пренесеме одат во прилог на Меси.

По 9.000 меча првпат згреши и окото јастребово (Hawk Eye)

Голем превид на првиот меч во Премиер лигата по паузата, Астон Вила - Шефилд Јунајтед на кој гостите беа драстично оштетени.

Каде се кријат Јувентините?

Не бе ова навивачиве на Наполи се како да ви кажеме. Веројатно само Турците и Јужноамериканците може да им ја разберат страста за фудбал која им оди до крајност. Наполитанец се снимаше за да објасни каде се скриени нивните големи ривали.

Во Украина банер со поддршка за полицаецот што го уби Џорџ Флојд

На натпревар од полуфиналето на Купот на Украина меѓу Минаи и Динамо Киев била извадена шокантна парола во која се бара правда за полицаецот што го уби Џорџ Флојд во Америка.

Само Наполитанците прават ваков пречек во 3:42 по полноќ

Да, финалето заврши кај 11 ноќта, ама нема одење во кревет сè додека не дојдат хероите кои го урнаа моќниот Јувентус. Прво следуваше блокада во центарот на градот, а потоа сите пред железничка. Го опколија и го блокираа и таксито на Мертенс, а напалени 200 беа и Мертенс и таксистот кој го носеше неговиот медал. Луда работа.

Зар некој стварно мислеше дека во Неапол ќе се држи дистанца по освоен Куп?

Наполи 6-ти пат во историјата ја освои Копа Италија, а триумфот им е уште посладок зошто го победија најголемиот ривал од богатиот север - Јувентус. И нема да излезат на улици? Па не корона, топови да пукаат тие ќе славеа.

Срце планина на Гатузо - ја изгуби сестра му пред неколку дена, па инспиративно освои Куп

Легендарниот Џенаро Иван Гатузо го освои првиот трофеј во тренерската кариера. Неговата страст од играчките денови кога гризеше како куче на терен ја префрла и денес на играчите па Де Лаурентис сака да освојат ЛШ.

Елиф ужива во соблекувална со трофејот

Прва сезона е во Италија, има само 20 години, а веќе ја почувствува магијата на едно финале и тоа со трофеј освоен против тимот кој скоро една деценија владее на чизмата.

За ваков потег го чекавме фудбалот толку долго

Депортиво Ла Коруња извади многу важен бод на гостувањето против директниот ривал во борбата за опстанок во сегунда Овиедо. Губеа 2-0, па на 2-1 намали Сабин со преубав гол.

24 минути пропаст на Давид Луиз

Бразилскиот стопер ги одигра можеби најкатастрофалните 20 минути во својата богата кариера. Толку лошо изигра против Сити синоќа што ако не му го продолжат договорот, ова ќе му биде последен меч во Арсенал а можеби и во Англија.