Фотографијата е направена на 06.05.1995. година.
Момчето во количката е Хернан Фонсека, голман на локалниот клуб во малиот град Тоторас, близу Росарио. По тешката сообраќајна незгода, остана неподвижен и во негова чест се одигра хуманитарен натпревар на кој настапи големиот Марадона.
По завршувањето на натпреварот, Диего му подари дрес, го прегрна и тивко му шепна: Моите нозе се твои нозе.
Ова го мотивираше Хернан да продолжи да се бори во животот и денес е водечки човек на организација за лица со попреченост во целиот регион.
10 години подоцна, 2005. година кога на Марадона му дијагностицираа проблеми со срцето, Хернан му испрати писмо со наслов: Моето срце е твое срце.