Меси даде еврогол, па на емотивен начин му оддаде почест на великанот

Во првиот меч кој Меси го заигра по смртта на Диего (Лео не патуваше претходно во Киев против Динамо во ЛШ), капитенот на Барса едвај чекаше да ја затресе противничката мрежа. Успеа во 73' минута за 4-0 со еврогол и го соблече дресот под кој носеше дрес од Њуелс Олд Бојс со број 10.

Њуелс е клубот кој ги поврзува него и Марадона. Лео таму ја почна својата кариера, а Диего ја заврши.

Евроголот за 4-0:

Емотивното оддавање почест на Диего Марадона: