Со просечен тим освои 2 скудета и го крунисаа за крал

Доаѓа во сиромашниот Југ и среќава скромна екипа со ограничени можности. Во конкуренција на моќните и богати Интер, Милан и Јувентус на Наполи му носи две скудета и ја добива титулата крал на Неапол.

„Марадона е фудбал. Тоа што он го правеше со топката никој никогаш не го правел и нема да го прави. Можеше да направи сè што се прави со топка на терен“, изјавил еднаш Тоти за Марадона за кого деновиве раскажа дека бил прв кој му се јавил по пензионирањето од фудбал.

Според анализите на StatsBomb на сите негови натпревари кои може да се анализираат, во неговите најдобри денови Марадона имал по 10 шута за 90 минути што е неколку пати повеќе од кој било современ играч.

Понекогаш имал и по 20 обиди за шут а го фаулирале од 10 до 20 пати по натпревар во просек.

„Пред натпреварите со Наполи во соблекувална си признававме дека единствен начин да го сопреме Марадона е да го скршиме. Но после десет минути се премислувавме. Да се гледа како игра беше многу пријатно“, изјавил еднаш Збигњев Бонек, легенда на Јувентус.

Класикот на италијанската журналистика, Дарвин Пасторин рекол:

„Марадона од обична кожна кугла прави ќуп со богатство. Неговите генијални финти ја проширија идејата за можности со топка и створија нова дисциплина - слободен стил. Самиот Диего беше многу повеќе од финтаџија и дриблер. На исто феноменално ниво правеше сè“

Марадона од слободен удар постигнал 62 гола (еден од најдобрите резултати во историјата на фудбалот), а само во сезоната 1987/1988 во Серија А постигнал 5 гола од слободен удар (тогаш бил рекорд, толку дале само Зико и Платини, а повеќе постигнал само Михајловиќ на крајот од '90-те години).

Фантастични голови давал и со глава и покрај тоа што беше низок по раст:

Асистенциите во тоа време не ги броеле но ако се видат неговите 2 шампионски сезони со Наполи, тој дал 115 гола и имал околу 100 асистенции на 259 меча за Наполитанците.

„Он беше совршен соиграч. Не беше таков да каже: „Дајте ми ја мене и тргнете се“. Диего не гледаше на себе, мислеше само на екипата и секогаш беше великодушен на терен. И никогаш не дозволи да ја почувствуваме неговата супериорност“, раскажал Салваторе Бањи кој играл во средниот ред на Наполи во тоа време.

Во играта на Марадона немало слаби точки.

ДВЕТЕ СКУДЕТА НАПОЛИ ГИ ОСВОИЛ СО МАРАДОНА, А ДВЕТЕ БИЛЕ ПОИНАКВИ

Да се нарече Наполи просечен клуб во 1984-та година било комплимент. Пред трансферот на Марадона, Наполитанците две години по ред со тешки маки се спасувале во Серија А. Завршувале на 1-2 места над зоната за испаѓање.

Во првата сезона со Диего завршиле на 8. место. А во втората сезона во Топ 3. Веќе во третата сезона ја освоиле историската титула.

За да се сфати величината на Марадона, треба да се види каде и со кого станал шампион. Серија А во 80-те години била најконкурентна лига на свет со најдобри играчи на планетата.

Наполи ја почнал сезоната 1986/1987 со просечни играчи и не стоел во редот на клубови со врвни фудбалери:

- Клаудио Гарела бил 31-годишен голман со пет сезони во Серија А. Важел за просечен голман кој ниеднаш не бранел за Италија. Неговите смешни реакции довеле до тоа неговото презиме да се спомнува стално кога некој голман ќе направел кикс.

- Чиро Ферара. Имал само 19 години и во 1986-та одиграл прва цела сезона во кариерата. Многу подоцна стана топ играч.

- Алесандро Реника имал 24 години и ни еден настап за репрезентацијата на Италија ни пред ни по скудетото.

- Морено Ферарио, легенда на Наполи но исто просечен фудбалер во таквата силна Серија А. Не ги интересирал селекторите на Италија.

- Џузепе Брусколоти, играч со прекар „Железниот столб“. Одиграл 511 меча за Наполи и не заиграл за репрезентација.

- Франческо Романо, дошол пред почетокот на сезоната од Серија Б.

- Салваторе Бањи, енергичен и брз дриблер. Пред сезоната 1986/1987 веќе го поминал пикот на најдобрите денови од кариерата и после две години ја завршил кариерата.

- Фернандо Де Наполи со прекар „Рамбо“. Талентиран новајлија во екипата кој неочекувано блеснал во Наполи и станал репрезентативец.

- Бруно Џордано, еден од технички најпоткованите италијански фудбалери во '80-те. Бил на поширок список на репрезентацијата уште пред Наполи. На „Сан Паоло“ дошол на 30 години. На својата позиција не бил во Топ5 играчи во Серија А.

- Андреа Карневале, шпиц кој еднаш во кариерата (сезона по освоеното скудето) постигнал повеќе од 9 гола во Серија А. Неколку години му требале да се пробие во репрезентацијата но и таму не давал многу голови и останал само 1 година.

Со нив Марадона го освоил Скудетото. 

Втор во Серија А завршил Јувентус со Лаудруп, Платини и маестралниот Ширеа. Трет завршил Интер со Тардели, Румениге и Пасарела. За Јуве и Интер играле 8 светски и европски шампиони. Наполи ја почнал сезоната 1986/1987 со само еден репрезентативец (не сметајќи го Диего).

За тоа дека тој сам го донел скудетото говори и фактот дека учествувал во 27 од 41 гол на екипата - 10 постигнал сам (9 со лева, 1 со глава, 3 од пенал), имал 7 асистенции и 6 пред асистенции за гол, а уште 4 гола паднале по негов одбиен шут.

Во таа историска сезона Наполи го освоил и Купот на Италија каде Диего бил автор на 7 гола на 10 меча и во финалето имал 2 асистенции.

„Марадона ги уништуваше сите тактичи теории. Можеше да игра насекаде, правеше разлика во Италија и Шпанија. Ја подобри секоја екипа за која играше. Да се игра против него беше трка со времето зошто знаевте дека порано или подоцна ќе даде гол или ќе има асистенција“, раскажал Ариго Саки.

Второто скудето Наполи го освои три години подоцна - во 1990-та. Тогаш со светот владееше славниот Милан. За само две години Ариго Саки со росонерите освои 2 пехари во Куп на европски шампиони, 2 Интерконтинентални Купа, 2 Супер Купа на УЕФА и едно скудето.

Тој Милан важи за еден од најдобрите во историјата. Марадона го победил и тој Милан. 

Пред почетокот на таа сезона во 1990-та, Чиро Ферара и Де Наполи созреале, дошле топ играчи како Карека и Алемао, а Ѕола ја играше првата сезона во Серија А. Но повторно и овој состав бил просечен во однос на богатите Милан, Јувентус и Интер. Останатите играчи во тимот биле просечни како при првото историско скудето во '86-та.

За Интер играа Клинсман, Бреме, Бергоми и Матеус. Моќната Сампдорија растураше со Манчини и Виали а тука беше и традиционално силниот Јувентус. 

Таа сезона Марадона веќе еволуираше во маестрален асистент, ги дозираше дриблинзите, повеќе додаваше и побрзо се ослободуваше од топката.

Одигра уште една фантастична сезона и на 28 меча постигна 16 гола со 14 асистенции (68% од сите голови на Наполи). За тоа време кога се играла гранитна одбрана, ваквиот учинок бил феноменален.

„Неколку пати го споредуваа со Бог“, велел Хорхе Валдано. 

Во '80-те години за победа давале 2 бода а не три, а за нерешено бод и екипите затоа многу не се отворале. Просечната ефикасност била половина од денешната, се играло помалку натпревари (во 90-та година 34 кола, во 87-ма 30 кола).

Со проста математика се доаѓа до статистика дека 16 гола и 14 асистенции во '80-те години се аналог на денешните 30 гола и 25 асистенции.

„Споредбите ме смеат. Меси е исто голем, уникат е, но Меси игра со 2-3 метри слобода во современиот фудбал. Би сакал да видам колку гола би дал Марадона со такво пространство пред себе“, рекол Пасквале Бруно, поранешен бек на Јувентус кој знаел колку го тепале Диего на секој чекор од теренот.

МОЖЕЛ НАЈМАЛКУ ТРИ ПАТИ ДА ОСВИ „ЗЛАТНА ТОПКА“

Во времето на Диего Марадона наградата „Златна топка“ ја даваа само на Европејци. Пред неколку години France Football ја исправил оваа неправда и ги разгледал сите доделувања во тоа време. Марадона со сигурност би ја добил наградата во 1986 и 1990.

Самиот Диего во 2017-та за Марка рекол: „Да се игра во мое време беше потешко и имаше повеќе кандидати за “Златна топка“. Јас би освоил сигурно повеќе од Роналдо и Меси“.

Освен две “Златни топи“ за пехарите на Светски првенства, Марадона би ја освоил оваа награда и во 1987-ма кога го однел просечниот Наполи до шампионско скудето.

 Во таа 1987-ма „Златна топка“ добил Руд Гулит кој освоил титула во Холандија. Марадона имал подобар учинок од него.

Што се однесува до првата половина од кариерата, тука ситуацијата е поинаква. Марадона до 22 години играл во Аргентина чија лига била една од подобрите на светот но не била многу гледана.

Потоа цели две години бил без настапи за репрезентација и големи турнири со Аргентина. Со светот во тоа време управувал Мишел Платини од кого Марадона ги изгубил двете меѓусебни средби во својата прва сезона во Италија.

Но за Марадона ќе остане врежана фразата:

„Сам да победи еден натпревар може секој, но само еден може сам да освои цел турнир. Во тоа беше неговата величина“.

30 ноември 2020 - 14:45